Бисквитните колачи се најлесните за подготовка, но и највкусни. Следниот колач се подготвува со 3 состојки и е многу вкусен. Кремастиот вкус доминира, а она што е добро за него е тоа што не валкате многу садови, ниту ја вклучувате ринглата и рерната. Сѐ што треба да направите е да ги измешате состојките за филот, а потоа да ги премачкувате бисквитите.
При пресек овој колач е многу декоративен бидејќи надолжно се гледаат исечените бисквити. Затоа се натопуваат во инстант кафе, за малку да омекнат и да не се прекршуваат при сечење на колачот. Најтешкиот дел од подготовката е тоа што чекате колачот да се излади, за што е потребно неколку часа. Еве што ви е потребно за да го подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 24 парчиња бисквити, 250 г маскарпоне, 2-3 лажици крем од лешник. Уште што ќе ви биде потребно е инстант кафе, како нескафе, помешано со 1-2 лажици вода за натопување на бисквитите. Декорацијата на овој колач останува по ваш избор. Колачот може да го декорирате со ситно сечкани лешници, да го прелиете со линии од растопено чоколадо.
ПОСТАПКА: Подгответе си ги бисквитите настрана. Можете да користите било каква големина на бисквити, во секој случај не се разликуваат многу, какви и да користите. Маскарпонето ставете го во еден сад и измешајте го со шпатула, за да омекне и да биде полесен за премачкување.
Во маскарпонето додајте 2-3 лажици од лешниковиот крем, но може да замените и со растопено чоколадо, измешано со мелени лешници, по желба, ако немате лешников крем. Измешајте го кремот со маскарпонето, додека да се формира едноличен крем. Настрана подгответе го кафето.
Земете една бисквита и премачкајте ја со кремот. Одозгора преклопете ја со втора бисквита. Редете ги на овој начин бисквитите, додека да добиете 12 сендвичи од бисквити и крем. Натопувајте ги бисквитите во кафето и потоа премачкувајте ги одозгора со кремот.
Редете ги бисквитите исправени на рамна чинија и спојувајте ги една со друга сите парчиња. Кога ќе ги наредите сите бисквити, премачкајте го целиот колач одозгора со преостанатиот крем. По желба декорирајте со ситно сечкани бадеми или други јатки по ваша желба. Колачот може и да го декорирате со чоколадна глазура.
Ставете го колачот да се стегне во фрижидер 4-5 часа или преку цела ноќ, а потоа послужете го со сечење на парчиња во дијагонала, за при пресек бисквитите да изгледаат многу декоративно. Колачот е навистина многу вкусен и ги доби сите пофалби. Во продолжение прочитајте многу вкусен рецепт за слаткарски крем, кој може да го подготвите за овој колач:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 жолчки, 50 г шеќер, 15 г обично брашно, кора од еден мал лимон, 250 мл млеко, 1 стапче од ванила, 200 мл шлаг. За цврстина на кремот може да додадете 1 желатин. ПОСТАПКА: Загрејте ги млекото и стапчето ванила, додека да зоврие млекото.
Во сад за готвење изматете ги жолчките, шеќерот и кората од лимон додека да се формира пенаста смеса со голем волумен. Се меша со брашното и постепено се додава врелото млеко, постојано матејќи со жица за да нема грутчиња. Се става на тивок оган и се вари како пудинг со постојано мешање.
Додека кремот се лади, мешајте одвреме-навреме за да не се формира кора одозгора.
Измешајте го кремот за шлагот, не многу тврд за да не се направи како путер. Нежно измешајте 1-2 лажици шлаг во кремот за да омекне кремот. Потоа малку по малку го додаваме кремот во шлагот и нежно мешаме (не матиме).
За погусти креми, сварениот крем тргнете го од оган, оставете малку да отстои, па промешајте го претходно натопениот и исцеден желатин. Наместо стапче од ванила, во готовиот крем ставете неколку капки екстракт, и без обете е исто толку вкусен. / Сoolinarka.сom. Деталите од постапката за првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ.