Пред секој Божиќ, луѓето ги чистат и украсуваат своите домови. Покрај физичката чистота, треба да ја отстраниме и нечистотијата од нашето срце и душа. Отстранете ја сета горчина од вашите срца, отстранете ја омра-зата, бе-сот, љубомората и себичноста.
Избришете ги негативните ставови како што се предрасуди, критики, лаги, кле-ветења… Исчистете ги прозорите, но исто така и погледот, така да можете да ги видите луѓето околу вас. Обратете внимание на своите чувства и потреби. Исполнете ги вашите срца со љубов, нежност, почит и сочувство.
Ова се ТРИ ЖИВОТНИ МИНИ ЛЕКЦИИ. ПРВА ЛЕКЦИЈА – Еден ден ќе сфатите…: Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да ве предадат, но претходно мора да доживеете многу предавства и разочарувања… Па така, еден ден ќе разберете дека надворешниот сјај не е ништо во споредба со внатрешната убавина.
Затоа, сè што е надворешно – трае до првиот дожд. Тоа што е внатре – вечно гори, па дури и ако се изгаси до најмали пламенчиња. Но, доволно е малку да му дувнете воздух а тоа да пламне и бликне за да ве згрее.
Еден ден ќе сфатите дека многу изјави, цитати, афоризми, кои сте ги наслушнале во надворешниот свет – тоа се само празен, иако убав збир од зборови – но ништо повеќе од тоа. Важни се само вистините, оние кои сами сте ги спознале. Еден ден ќе сфатите дека добрината, нежноста, љубовта и грижата – се одлики на внатрешната сила, а не слабоста.
ВТОРА ЛЕКЦИЈА – Вештина… Еден фотограф отишол кај дамата на вечера. Кога ги видела неговите фотографии, таа рекла: -Колку се прекрасни! Веројатно поседувате добар фотоапарат? Фотографот премолчел. Но подоцна, кога си заминувал, и’ рекол: -Ви благодарам. Вечерата беше многу вкусна. Веројатно имате многу добри тенџериња.
ТРЕТА ЛЕКЦИЈА – Силата на ситниците… Што ќе се случи ако жабата одеднаш се најде во лонец со врела вода? Веднаш ќе помисли: “Овде е неподносливо, треба што побрзо да избегам одовде” – и во истиот момент ќе скокне. А што ќе се случи доколку жабата ја ставите во лонец со ладна вода, а потоа постепено ја загревате?
Жабата ќе се опушти. Таа сигурно ќе забележи дека станува потопло, но ќе си помисли: “Малку топлина не може да ми наштети”. Но, на крајот ќе заврши сварена. Наравоучение: Многу работи во животот незабележливо се натрупуваат: Долгови, вишок килограми, лошо здравје, знаење, благосостојба. Запамтете дека не смеете да ги потценувате ситниците.