Знам дека веќе има рецепт за овие прекрасни коцки, но сепак одлучив да ви го претставам овој рецепт на Гога, бидејќи таа тоа го заслужи, иако за жал, немав можност да ја запознам, вели Сибинка.
Само знам дека беше добра жена која никогаш за себе не мислеше… (а јас го добив нејзиниот тефтер со рецепти). Овие Гогини коцки навистина изгледаат прекрасно, па доколку не сте ги пробале, запишете си го рецептот.
Потребни состојки: 4 мали обланди или две големи, па да се преполоват. За првиот фил ќе ви биде потребно: 200 г суви смокви, 100 г суво грозје, сок од еден портокал и околу 50-100 г шеќер во прав.
Во овој фил со смокви потребно е шеќерот да го ставите по вкус. Во оригиналниот рецепт пишуваше 100 г шеќер во прав, но моите смокви ми беа преслатки, па така јас се одлучив за помалку шеќер и ставив половина, односно само 50 г. Вие засладете по ваш вкус.
За вториот фил ќе ви биде потребно: 200 г мелени ореви, 100 г врело млеко, 100 г шеќер во прав и една лажица рум. За третиот фил ќе ви бидат потребни следните состојки: 4 жолчки, 100 г шеќер, сок од половина лимон и 150 г путер или маргарин. За глазура растопете 100 г чоколадо за готвење со 10 лажици масло.
Постапка: Првиот фил пригответе го на следниот начин – сувите смокви и сувото грозје сомелете ги или изблендирајте ги заедно со сокот од портокал, а потоа додадете го и шеќерот во прав.
За вториот фил потребно е да го загреете да го загреете млекото до зовривање, но да внимавате да не ви загори. поребно е само да стане доволно врело за да може со него да се попарат мелените ореви. потоа додадете го шеќерот и румот и убаво промешајте за да се растопат и соединат состојките.
За третиот фил потребно е да ги изматите жолчки со миксер, а потоа да ги сварите на пареа за да се обработат термички. Садот со жолчките ставете го врз тенџере во кое врие вода и постојано матете ги 10-тина минути додека да згуснат во фин крем.
Кремот од жолчки тргнете го на страна и повремено промешувајте го за побрзо да се олади и да не фати коричка. Кога целосно ќе излади, во него додадете го путерот исечен на ленти и омекнат на собна температура, па пенливо изматете ги и соединете ги со миксерот. на крај додадете го и сокот од лимон и уште малку изматете.
Потоа започнете го редењето на обландата и тоа наопаку, а тоа значи дека филот се нанесува врз покрупните коцкички, а помазната страна треба да остане надворешна. Врз првиот лист обланда нанесете го рамномерно првиот фил и израмнете.
Поклопете со втор лист обланда, па врз него нанесете го вториот фил, па и него рамномерно распоредете го и израмнете. На ист начин нанесете го и третиот фил, израмнете и поклопете со четвртиот лист обланда.
Вака приготвената обланда оставете ја малку да се стегне, поклопете ја со нешто тешко (на пример можете да ја обложите со фолија и врз неа да ставите големи пластични шишиња од 5-6 литри), по можност оставете ја на ладно место. на крај прелијте ја одозгора со чоколадна глазура.
coolinarika.com