Ова е традиционален рецепт за колачи кои се нарекуваат „Босански локум”. Тестото е слично како она за ванилици, па доколку сте ги правеле, веќе знаете како приближно треба да биде тестото. Колку подолго стојат, толку се повкусни. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 220 г путер, 1,5 филџан за кафе шеќер, 1,5 филџан масло, брашно се додава по потреба (приближно 0,5 кг), шеќер и ванилин шеќер за валкање.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: во подлабок сад ставете го путерот кој претходно омекнал на собна температура, па додајте го шеќерот. Добро измиксајте со миксер за да се растопи шеќерот, па додајте го маслото. Соединете и започнете постепено да го додавате брашното. Кога смесата малку ќе згусне, продолжете да го обликувате тестото со раце.

![]()
![]()
![]()
![]()
Тестото не смее да биде ниту премногу тврдо, ниту премногу меко. Кога е готово, обликувајте го во топка и започнете да ги обликувате локумите. Кинете од тестото и обликувајте ги локумите еден по еден. Редете ги во плех, а потоа со остар нож засечете ги на средината. Од наведената смеса излегуваат најмалку 25 локуми.
![]()
![]()
![]()
![]()
Печете ги во загреана рерна на умерен оган. Јас ги печам на 220 степени првите 4-5 минути, а потоа намалувам на 200 степени, па потоа на 150 степени ги печам уште 15-тина минути. Печените локуми оставете ги малку да изладат. Кога се млаки валкајте ги во шеќер помешан со ванила, а по желба може да се користи шеќер во прав или кокос.

![]()
![]()
![]()
![]()
Напомена: Ова е рецепт како јас ги правам локумите. Во оригиналниот рецепт пишува: 250 г маргарин, 250 г путер, 1,5 филџан шеќер во прав, 1,5 филџан масло и брашно по потреба и плус шеќер во прав за валкање после печењето. /Coolinarika.com

![]()
![]()
![]()
![]()
(втор рецепт) Рецепт за највкусни медени колачи: Евтино, брзо, без млеко и јајца. Фото и рецепт: Кристина Гашпар – Медењаци. Следниот рецепт на Кристина е многу едноставен и вкусен, класичен рецепт за медени колачи. Третиот рецепт кој можете да го прочитате подолу, се приготвува со сок од домати и навистина е многу интересен, евтин и што е најважно колачите се многу вкусни.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г шеќер, 100 мл вода, 100 г путер/маргарин, 1 кесичка ванилин шеќер, 3 полни лажици мед, 380 г брашно,½ лажичка прашок за печиво, ½ лажичка сода бикарбона, 1 лажица зачин за медењаци (или зачин по вкус).




ПОСТАПКА: сварете ја водата заедно со шеќерот (смесата треба да врие 2-3 минути). Тргнете од оган, па додајте путер, ванилин шеќер и мед. Мешајте додека да се растопат состојките и оставете настрана да се олади.
Потоа во еден подлабок сад измешајте ги сувите состојки и додајте ги течните, па сето заедно соединете го. Мешајте со лажица или со жица. Оваа смеса е мека, но откако ќе отстои ќе стане доволна цврста за обликување. Поклопете го садот и оставете го тестото во фрижидер или на ладно место да отстои најмалку еден час.
![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа обликувајте ги топчињата со величина на помал орев, редете ги во плех обложен со хартија за печење. Медењаците се печат во загреана рерна на 180-200 степени 1/-12 минути. Во текот на печењето прверувајте за да не ги препечете. Треба да бидат румени, но меки на допир. Кога ќе се оладат ќе станат цврсти.
![]()
![]()
![]()
![]()
Совет: Се користи меко брашно Т400. Во тестото може да се додаде рендана кора од лимон или портокал. (трет рецепт) Евтин и брз рецепт за медењаци кои се приготвуваат со варен сок од домати. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 лажици сок од домати, 10 лажици шеќер (кафеав), 10 лажици масло, 2 лажички цимет (или колку сакате), 1 лажичка сода бикарбона, околу 500-600 г брашно.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: добро измешајте ги горенаведените состојки, а на крај во течноста додајте сода бикарбона, па потоа започнете со додавање на брашното. Малку по малку, додека да се формира меко тесто. Прекријте го и оставете го 10-тина минути да отстои во фрижидер.
![]()
![]()
![]()
![]()
Може да го развлечете со оклагија и да вадете гругови или модла со разни облици. Или како што е прикажано во видеото, да кинете парчиња од тестото и да правите мали топчиња, малку да ги притиснете со дланките и да ги редите во плех обложен со хартија.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Може веднаш да се јадат, а можат и долго да стојат. Се чуваат во кутија на суво место. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.































