Секој период во животот си има свои предности но и болести. Иако 20-годишниците ретко се жалат на нешто, веќе во четвртата деценија започнуваат маките.
Во овој период (20-ти) типични се главоболките, забрзаниот начин на живеење, седењето пред компјутер, стресот на работа, желбата за градење кариера и одржувањето на семејството – фактори кои придонесуваат за чести мигрени.
За ослободување од притисокот во главата, лекарите предлагаат длабоко дишење, нежни масажи, топли бањи и вежби пред компјутерот.
Триесетгодишниците патат од Карпал-Тунелов синдром, болка во дланките предизвикана од притисок на нервите во зглобовите.
Во ризична група спаѓаат лицата со генетска предиспозиција, рани повреди, но и оние кои претерано користат мобилни телефони, таблети и играат компјутерски игри.
Решението е да, доколку можете, да ја намалите употребата на овие уреди бидејќи тие ги иритираат веќе оштетените нерви. Помагаат и вежбите за јакнење на мускулите од рацете и физикална терапија, а во потешки случаи е неопходна операција.
За 40-тите и 50-тите е карактеристична болката во грбот. Како што старееме, неправилното седење и спиење си го земаат данокот. Обратете внимание на држењето во текот на дигање теретети.
Идеално, тежината не би требало да преминува четвртина од вашата тежина. Пробајте и друг душек, нови пози додека спиете, пилатес или јога.
Во 60-тите и 70-тите ваш верен пријател би можел да стане остеоартритисот. Најважно е да останете активни, да ја одржувате килажата под контрола и да продолжите да се движите и покрај болките во колковите, зглобовите и колената.