Лекарите ќе ви кажат дека подобро е да ги наследите парите од вашата мајка отколку нејзините болести, но генетиката е чудо.

Нашите гени ги одредуваат не само изгледот и карактерните црти, туку и слабостите на организмот, односно подложноста на одредени болести. На пример, дури и причина за депресија и несоница, не мора да биде некој голем стрес или преголема работа, туку генетската предиспозиција.

Затоа е важно, не само редовно да одиме на превентивни прегледи, за кои често се зборува, туку, пред сè, да се едуцираме за она на кое треба да посветиме дополнително внимание.
Подолу се дадени повеќе детали за болестите кои се наследуваат преку женската линија и за сè што треба да се знае на оваа тема.

Остеопороза

Кај ова заболување на коските, што ги прави кршливи и кревки и кое е типично за женската популација, како клучен се споменува и наследниот фактор.

Остеопорозата обично се јавува после менопаузата, кога коските губат голем дел од калциумот. Најважната работа на која треба да се обрати внимание е превенцијата – внесувајте што е можно повеќе калциум, но имајте во предвид дека тој соодветно се апсорбира само кога се комбинира со витамин Д.

Исто така, не се препорачува консумирање на газирани пијалаци, бидејќи во случај на наследен фактор, се зголемува ризикот од остеопороза дури за 14%, што не е незначително. Земете ја во предвид и вашата тежина и вежбајте спорт.

Ревматичен артритис

Иако причината за оваа болест, која е дефинирана како автоимуна, сè уште не е прецизно дефинирана, се смета дека е комбинација на наследен фактор и услови на животната средина. Ревматоидниот артритис не е воопшто наивен, бидејќи ги напаѓа зглобовите, тоа е дегенеративно заболување, а во одредена напредна фаза може да значи и инвалидска количка.

Се препорачува здрав начин на живот и физичка активност, а особено е важно да се грижите за здравјето на забите затоа што, на пример, докажано е дека периодонтитисот како заболување на непцата, доведува до губење на забите, и е исто така зголемен ризик од ревматоиден артритис.

Предвремено стареење

Научниците открија пакет гени кои се одговорни за тоа колку долго ќе успееме да ја зачуваме младоста. Тие се пренесуваат од генерација на генерација преку мајчинската линија. Постои можност да се наследи оштетена ДНК, што ќе го забрза процесот на стареење.

Научниците сè уште немаат изумено начин за да го спречат стареењето, но неопходно е да се создаде навика за употреба на креми со висок заштитен фактор (СПФ), бидејќи чувствителноста на сонцето е исто така наследна.

Депресија

Над 300 милиони луѓе стануваат депресивни секоја година и откриено е дека жените се особено склони кон оваа ментална состојба, која вклучува и постпородилна депресија. Науката исто така откри дека еден од факторите што придонесува за развој на депресија е присуството на генот Slc6a15, кој е секако наследен.
Се разбира, депресијата е состојба што може да се лекува, но секогаш е важно да се побара стручна помош.

Глауком

Глаукомот е многу почест кај жените отколку кај мажите, а генетските мутации кои ја предизвикуваат оваа болест се наследни.
Превенција: Одете на преглед. Додека не наполните 40 години, треба да одите на офталмолог на секои 2-4 години. Помеѓу 40 и 54 години на секои 1-3 години. Од 55 до 64 година, секоја година или две, и по 65-годишна возраст на секои 6-12 месеци.

Редовно умерено вежбање – пешачење или џогирање – 3 или повеќе пати неделно. Можете исто така да правите јога, но избегнувајте превртени позиции, во кои товарот паѓа на вратот и рамената.

Кардиоваскуларни заболувања

Складирањето на маснотии кај женската популација се одредува генетски, и доколку е типично за абдоминалниот појас, тоа значи и ризик од срцеви заболувања, односно ризикот двојно се зголемува. Исто така, високото ниво на холестерол и акумулација на маснотии во крвните садови е поврзано со состојби како што се срцев удар, хипертензија и дијабетес.
Физичката активност, здрава и диетална исхрана, откажување од пушењето и алкохолот се неопходни во овој случај.

Мигрена

Жените страдаат од мигрена 3 пати повеќе од мажите, а исто така е забележано дека многу често се случува предиспозицијата за вакви интензивни главоболки да е генетски предиспонирана.
Она што можете сами да го направите е да го намалите внесот на кофеин, алкохол, шеќер, да пиете што е можно повеќе вода за да останете хидрирани и да спиете доволно.

Несоница

Научниците открија дека врз хроничните нарушувања на спиењето од овој тип, не влијаат само психогените фактори, стресот итн, туку и гените што ги наследуваме преку женската линија.
Обидете се да воспоставите добар биоритам и започнете да одите во кревет пред 23 часот, не пијте кафе и не јадете тешка храна навечер, а доколку тренирате – физичката активност треба да биде најмалку 4 часа пред да одите во кревет.

Алцхајмерова болест

Ова е форма на деменција, која исто така е почеста кај жените отколку кај мажите. Генетските фактори се исто така важни, а начинот на живот може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест.
Неопходно е да се елиминираат лошите масти и шеќери од исхраната, да се контролира холестеролот и крвниот притисок, да се занимавате со физичка активност бидејќи го зголемува протокот на кислород во телото.

Рак на дојка и јајници

Во светот најверојатно, најпознатиот случај поврзан со оваа тема е потегот на холивудската актерка Анџелина Џоли, која пред неколку години направи матесектомија на дојка, а потоа и отстранување на јајниците, откако беше утврдено дека има мутација на генот одговорен за овие болести, а од кој починале нејзината мајка и баба.

Сепак, треба да се напомене дека од медицинска гледна точка, ваквиот потег е драстичен, во смисла на превенција, пред да се дијагностицира болеста.
Општо, доколку постои ризик, се предлагаат редовни прегледи, но и здрав начин на живот што исклучува пушење, прекумерно консумирање алкохол, а фактот што е исто така важен е дека се препорачува жената да роди за прв пат пред 30-та година од животот, бидејќи е докажано дека ова го намалува ризикот од рак на дојка и јајници.

И да повториме уште еднаш – превенцијата е секогаш најважна и најефикасна. Затоа, редовно одете на лекар и особено внимавајте доколку во вашето семејство има такви болести преку женската линија.