Оваа торта-колач порано се приготвува за специјални пригоди, зашто е свечена и за нејзино приготвување се користат десет јајца. Порано важено правилото: „колку повеќе јајца, толку тортата е посвечена и побогата“.
Денес за изработка на тортите се користат разни готови прашоци и креми, но порано сè се правело домашно и вкусно. Оваа торта била честа кралица на роденденските прослави не само поради вкусниот крем од жолчки, туку и поради оревите кои се карамелизирале за да добијат на крцкавост и арома. Ќе ви претставиме две верзии. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 белки, 200 г шеќер, половина лажичка сол (3 г), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), половина лажичка рум (3 мл), половина лажичка лимонов сок, 100 г брашно. За крем: 8 жолчки, 100 г шеќер, 200 мл млеко, 30 г скроб, 5 г ванилин шеќер.
И уште: 300 г мек путер. За карамелизираните ореви: 100 г шеќер, половина лажичка масло, 100 г ореви. И уште 250 г ореви за подлога на тортата. Вкупно околу 350 г ореви.
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г мелени ореви, 10 белки, 400 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер (за потемни кори додајте малку какао). ЗА ФИЛ: 4 кремфикс за шлаг, 150 г шеќер во прав, 1 литар слатка павлака, 2 кесички ванилин шеќер. И уште: 150 г ситно сечкани лешници.
ПОСТАПКА за рецепт 1: Во посебни садови одвојте ги белките, па пенасто изматете ги со прстофат сол и постепено додавање на шеќерот. матете ги приближно 5 минути или додека шеќерот целосно да се растопи и да добиете цврст снег. Потоа додајте рум-арома, лимонов сок и брашно. Измешајте полека со шпатула.
Во меѓувреме, 250 г ореви испечете во плех обложен со хартија на 180 степени, околу 7 минути, колку да замирисаат. Оладете ги, сомелете ги и додајте ги во снегот од белки. Промешајте, па смесата истресете ја во плех од рерна (32×42 см), обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 25 минути.
Печениот бисквит оставете го да се олади па пресечете го на три еднакви дела, така да добиете три долгнавести праволаголници – кори. За фил: пенасто изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата додека згуснат и побелат. Потоа додајте го млекото и скробот и повторно соединете.
Смесата сварете ја во тенџере на тивка температура додека да згусне со непрекинато мешање, а потоа претурете ја во друг сад и покријте ја со кеса/фолија и оставете да се олади. Кога кремот ќе се олади, додајте го путерот исечкан на коцки и омекнат исто така на собна температура, па пенасто изматете и соединете во нежен крем.
Подготовка на карамелизираните ореви: Во тенџере на рингла ставете го шеќерот заедно со маслото и оставете да се растопи. Во добиениот карамелен сируп истурете 100 г ореви и малку пропржете ги колку да се обложат. Потоа оставете ги да се оладат, па сомелете ги во блендер.
РЕДЕЊЕ: Прва кора, се премачкува со кремот од жолчки, се наросува со мелените карамелизирани ореви. Одозгора се става втора кора, се повторува постапката, па третата кора исто се премачкува и се наросува со оревите. Тортата се става да се стврдне во фрижидер, приближно 2 часа, па се послужува ладна.
ПОСТАПКА за рецепт 2: Белките изматете ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот и ванилата, па на крај додајте ги мелените ореви и промешајте со лажица. Од оваа смеса испечете 5-6 тенки кори во тркалезен калап за торти (обложен со хартија), или две поголеми кори кои ќе ги поделите на 3 дела за да добиете 6 кори. Се печат во загреана рерна на 150 степени најмалку 1 час.
ЗА КРЕМ: Изматете ја павлаката за шлаг заедно со шеќерот во прав, ванилата и кремфиксот. Лешниците ако не се печени, накратко испечете ги, оладете ги, па исечкајте ги во блендер. РЕДЕЊЕ: кора, крем, лешници и сè така до крај.