Семејството може да ви го надомести целиот свет, но светот никогаш нема да го надомести семејството. Домот дава среќа, која не може да ја даде целиот свет!
Сте се качиле на кајче. Животот околу вас е како море. Доволно е еден од вас да се наведне, не внимавајќи на другиот и кајчето е веќе во опас-ност да се преврти и да се уда-вите.
Бидете внимателни! Секогаш кога ќе треба да се свртите, односно, да направите нешто важно, секогаш сметајте и на својор брачен другар. Бидете како двете очи во главата. Каде ќе појде едното нека појде и другото. Здравите очи сложно живеат, сложно работат, сложно се радуваат.
Во бракот не е сè дозволено. Во брачниот живот не треба да се наметнува на сила својата волја, ниту смее да се бараат ЛИЧНИ ПРАВДИ, како да се наоѓате во адвокатска канцеларија или на суд.
За брачната среќа е опас-но ако мажот на жената, или жената на мажот упорно ја наметнуваат својата волја. Поинаку би изгледале нашите домови, кога нивните членови повеќе би мислеле на своите должности, а помалку на своите права.
Вообичаено се случува оној кој нас-илно ги бара своите права, на крај да остане со празни раце.
Не заборавајте дека љубовта е трпелива, дека љубовта чека, дека е тактична и нежна. Голема сила, строга власт, строго право и слични средства на тира-ни-ја се с мрт за слогата и за љубовта. Среќата и се насмевнува само на златната средина. Преголемата строгост пара-лизира.
Чувајте ја рамноправноста во меѓусебната подреденост. Видете ги двете очи во главата: едното е на една страна, а другото на друга. Секое работи засебно, а гледаат заедно. Ако се разболи едното и другото стра-да.
Сакајте се како двете очи во главата. Чувајте се како што ги чувате очите во главата и вашиот брак ќе биде извор на благослов и среќа. „Љубовта е како капка небесна роса, која паѓа одозгора на чашата на животот за да му ја заслади горчината“ – некој напишал.
Вашите стра-дања и б олки, вашата старост – сè ќе мириса на пролетен цвет ако сето тоа е обвиткано со љубов, онаа христијанска, вистинска брачна љубов, која најмногу го сака Бога, а потоа својот брачен другар. Таа љубов смирува, преобразува и усреќува.
Домот и семејството најчесто се распаѓаат бидејќи сопружниците со своите мисли и срца талкаат по туѓи градини и по туѓи срца, па тогаш сопствениот брак и дом им изгледаат неподносливи. Саканата личност е најголемо богатство на оној што ја сака и единствена на целиот свет. Во Светото Писмо јасно е изразена следнава мисла.
Возљубениот вели: „Она што е кринот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите“, а возљубената вели: „Она што е јаболкницата меѓу шумските дрва, тоа е мојот возљубен меѓу момците“ (Песна 2,2).
„БОГ ШТО СОЕДИНИЛ ЧОВЕК ДА НЕ РАЗДЕЛУВА“ (Мат. 19, 6), гласи Божјата заповед. Бракот е дар Божји и заради тоа, тој е нешто свето.
Но, бракот се живее на земјата и затоа понекогаш е тежок. Бракот не е трговска работа, тој не е само залог за уживање или забава. Бракот е искачување кон гората на среќата, а на секоја висина задолжително се доаѓа по угорнина.
Бурмата е знак на трајност, осветување, светост. Не е доволно да се стави само прстенот на рака , туку треба да се чува верноста и да се молиме на Бога да ни помогне во тоа.
Среќата треба да се чува, а среќата е во љубовта , во слогата, во извршувањето на Божјите заповеди, а особено во верноста. „Што и да побараме од Бога, ќе ни даде, бидејќи Неговите заповеди ги почитуваме и правиме што Му е угодно Нему“
Кога на оваа грешна земја ќе можете тоа двајцата да го кажете, знајте дека вашата среќа е неизмерна. „ДА“ што му го изјавивте на свештеникот на почетокот на обредот на Светата Тајна Брак, значи:
Ќе се трудам да му останам верен на својот брачен другар, да го сакам со вистинска љубов, да ги исполнувам Божјите заповеди, да останам со својот брачен другар како Христос со Црквата.
Угледајте се на Господа Христа, за кого Свети апостол Павле вели дека во него „не беше `ДА` и `НЕ`, туку во Него беше ДА“ (2 Кор. 1 , 19). Така и вие секогаш да бидете луѓе – ДА, луѓе од карактер, љубов, пожр-твуваност.
Мотото на вашиот живот нека ви биде: работете на изградбата на својата брачна среќа како сe` да зависи од вас, а молете Го Бога за неа, како таа да зависи само од Бога. Бог тогаш ќе ви помогне вашиот труд да биде лесен, плоден, благословен и корисен и за небото и за земјата.
Никогаш во душата на младата мајка не се разлева толку умиление, како во оној ден кога за прв пат ќе го причести своето дете. Прекрасни мисли тогаш ја исполнуваат нејзината душа: „Бог ми го даде, а јас денес, го приведов кон Бога. Детето ми се причести, ми се соедини со Бога… Бог тебе те чува, радост моја“.
Смееме ли да ја скратиме таа радост и на себе и на нашите деца? Детето е најголем Божји дар, најскапоцен цвет на нашиот живот. Па, кога собните цвеќиња ги негуваме и ги изнесуваме на сонце за да и го одржиме животот, смееме ли децата да ги одделиме од сонцето на вечниот живот – Нашиот Христос Бог? Господ да чува!
Текстот е преземен со одобрение на редакцијата од Покајание.