Home пита Битолски зелник со сирење – традиционален домашен рецепт со совршено крцкави кори

Битолски зелник со сирење – традиционален домашен рецепт со совршено крцкави кори

Мирисот на топол битолски зелник со сирење е дел од македонската гастрономска традиција што се пренесува со генерации.

Овој рецепт е идеален избор за појадок, вечера или свечена трпеза, а благодарение на внимателната техника на преклопување, добивате слоевити, крцкави кори и богат, сочен фил од урда и цврст јогурт (кисела павлака).

Рецептот е едноставен, економичен и практичен – одличен избор за домашни готвачи, но и за сите што бараат автентични македонски рецепти со професионален резултат, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🛒 Потребни состојки

За тестото:
• 300 мл млака вода
• 1 лажичка сол
• 3 шолји брашно

За премачкување:
• 100 г путер
• 30 мл масло
• НМД

За филот:
• 400 г урда или ситно сирење
• 100 г цврст јогурт (кисела павлака)
• сол по вкус
• по желба: малку ситно сечкан магдонос

👩‍🍳 Постапка

1️⃣ Подготовка на тестото

Во длабок сад сипете ја млаката вода и додајте ја солта. Постепено додајте го брашното и замесете средно меко тесто. Покријте и оставете да одмори 20 минути, додека да стане еластично и лесно за обработка.

2️⃣ Подготовка на филот

Во сад измешајте ја урдата (или ситното сирење) со цврстиот јогурт. Посолете по вкус и по желба додајте ситно сечкан магдонос. Смесата треба да биде полутечна и мазна.

3️⃣ Формирање слоеви

Кратко премесете го тестото и поделете го на 2 топки. Оставете да одморат околу 10 минути.

На набрашнета површина, со помош на оклагија развлечете една топка во голема правоаголна кора. Премачкајте ја со растопен путер измешан со масло.

Преклопете ја кората:

• од едната страна до половина
• од другата страна преку неа (да добиете тесен правоаголник)
Премачкајте повторно.
Преклопете по една четвртина од двете страни.
Повторно премачкајте и на крај преклопете како книга, за да добиете компактна коцка.

Истата постапка повторете ја и со втората топка тесто. Ставете ги во фрижидер (или кратко во замрзнувач) 20 минути, додека да се стегнат.

4️⃣ Финално оформување

Едното тесто развлечете го во кора со големина на плехот. Поставете го во намастен плех, така што малку ќе ги подигнете краевите по ѕидовите.

Сипете го филот и распоредете рамномерно. Поклопете со втората развлечена кора. Затворете ги рабовите со витки за да се спојат долната и горната кора.

Исечете ја горната кора на коцки и премачкајте со преостанатата маснотија.

5️⃣ Печење

Печете во претходно загреана рерна на 230°C околу 25 минути, додека да добие златно-кафеава боја и крцкава текстура.

Оставете кратко да одмори пред сечење. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: