БИСКВИТ ТОРТА: секогаш се водам по овој рецепт бидејќи е совршен и ни е омилен на целото семејство. Многу едноставна торта, многу брза и што е најважно – многу вкусна. Запишете си го рецептот зошто многу често ќе ја правите.




Потребни состојки: 8 големи јајца (Л величина), 240 г шеќер (на секое јајце оди по 30 г шеќер), 11 полни лажици брашно, 1 прашок за пециво, 1-2 ванилин шеќер, нешто помалку од 100 мл млеко и 50 мл масло. И ќе ви биде потребно уште малку рендана кора од половина лимон и половина портокал.

Потребни состојки:




Постапка: Одделете ги жолчките од белките. Во жолчките додајте го поголемиот дел од шеќерот и ванилиниот шеќер, а остатокот ставете го во белките, но само малку за да се измешаат.




Но, не го додавајте веднаш шеќерот во неразматените белки, туку изматете ги пенасто на најсилна брзина со миксерот, а потоа во нив постепено додавајте го шеќерот. Матете со миксерот постојано додека смесата да стане снежна и сјајна.




Потоа изматете ги жолчките со шеќерот. Јас секогаш прво ги матам белките за да не ги мијам маталките од жолчките. Ако прво ги изматите жолчките треба да ги измиете маталките бидејќи белките нема да се запенат добро.




Потоа во жолчките се додава млеко, малку по малку и се меша со миксер на најмала брзина и потоа се додава маслото на ист начин. После тоа, малку по малку се додава брашното измешано со прашокот за печиво и лесно се меша со дрвена или силиконска лажица.




Секогаш мешајте во иста насока и трудете се да не навлезе многу воздух во бисквитот за да избегнете формирање на големи дупки при печењето. Кога ќе додадете околу половина, смесата ќе стане прилично густа, а јас потоа почнувам да ги додавам изматените белки за малку да се „разблажи“.




Потоа повторно додавате брашно, па мешате, потоа белки и така додека да потрошите од двете состојки. На крајот за арома додајте малку рум и ако имате домашна непрскана рендана кора од лимон и портокал. Ова ќе даде божествен мирис на целата куќа и колачот.




Ако сакате темен бисквит, одземете две лажици брашно и додајте уште толку (можеби и малку помалку) какао. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час, зависи од јачината на вашата рерна.




Во првите 20 минути, никогаш не ја отворајте рерната за да не „падне“ бисквитот. После печењето, проверете дали добро е испечен бисквитот со чепкалка за заби. На сликата е бисквит од 8 јајца, печен во плех 30х23 см и исечен на три дела напречно, а може да филувате измеѓу со пудинг по желба, но и вака празна е многу сочна.