Слични се на американските палачинки, но сепак не се исти. Овие се многу меки, нежни, медени и дополнително се спојуваат по две со вашиот омилен лешников крем. Иако се сомневав кога првпат ги направив, сепак излегоа совршени, а рецептот е таман – Јелена.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 40 г шеќер, 1 лажица мед и 1 лажичка ванилин шеќер кој сака, 90 р брашно, 1 лажичка прашок за печиво (половина кесичка), 1 лажица екстракт од ванила и 1 лажица ладна вода




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад изматете ги јајцата со обична кујнска жица-маталка, па додајте една сипена лажица течен мед (ако е кристализиран претходно растопете го) и шеќерот во кој сте додале малку ванилин шеќер по вкус.




Матете додека состојките да се растопат и соединат во јајцата. Потоа додајте го брашното помешано со прашокот за печиво, но доколку имате сито, тогаш просејте го зошто од него зависи и нежноста на тестото.




Матете додека да добиете компактно тесто без грутчиња, погусто од она за обичните палачинки. на крај додајте го екстрактот од ванила и една лажица ладна вода. Повторно промешајте со маталката додека да се изедначи.




Вашето тесто за најмеките палачинки е готово и можете да започнете со печење. Земете една тефлонска, нелеплива тава и загрејте на умерен оган. Температурата треба да ја регулирате од средно-умерена до ниска, во зависност од јачината на вашиот шпорет.




Кога ќе се загрее доволно, со помош на мала кутлача истурете од тестото. Не треба вие да го разлевате тестото со подигнување на тавата, туку да ја оставите малата палачинка онаква каква шшто е. Овие палачинки се разликуваат од обичните не само според дебелината, туку и според текстурата.




Потребно е да се печат приближно по две минути од двете страни. Со помош на шпатува вртете ги палачинките и вадете ги врз чинија. Потоа спојувајте ги со крем или џем. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.