Би сакала да го знаев овој рецепт порано…СОВРШЕН ПОЈАДОК за само 10 минути…Може да го наречете и „метла“ од фрижидер…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
50 мл масло
100 мл млеко
5 г прашок за печиво
130 г брашно
Од фрижидер:
2 пиперки (црвена и жолта)
1 домат
50 г маслинки
100 г ситно сирење
1 китка магдонос или копар
100 г рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад изматете ги јајцата со масло и млеко, посолете по вкус, па додајте го брашното и прашокот за печиво. Изматете да нема грутчиња.
2.Во смесата додајте ситно исечкан зеленчук и сирење, како и 2/3 од ренданиот кашкавал, па промешајте.
3.Огноотпорен сад (или тава) намастете го со путер и посипете го со брашно. Сипете ја подготвената смеса и израмнете.
4.Одозгора посипете 1/3 од кашкавалот што преостана. Печете во загреана рерна на 180 степени, 35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.