Home закуска Би сакала да го знаев овој рецепт порано…СОВРШЕН ПОЈАДОК за само 10...

Би сакала да го знаев овој рецепт порано…СОВРШЕН ПОЈАДОК за само 10 минути…

Би сакала да го знаев овој рецепт порано…СОВРШЕН ПОЈАДОК за само 10 минути…Може да го наречете и „метла“ од фрижидер…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
50 мл масло
100 мл млеко
5 г прашок за печиво
130 г брашно

Од фрижидер:
2 пиперки (црвена и жолта)
1 домат
50 г маслинки
100 г ситно сирење
1 китка магдонос или копар
100 г рендан кашкавал

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад изматете ги јајцата со масло и млеко, посолете по вкус, па додајте го брашното и прашокот за печиво. Изматете да нема грутчиња.

2.Во смесата додајте ситно исечкан зеленчук и сирење, како и 2/3 од ренданиот кашкавал, па промешајте.

3.Огноотпорен сад (или тава) намастете го со путер и посипете го со брашно. Сипете ја подготвената смеса и израмнете.

4.Одозгора посипете 1/3 од кашкавалот што преостана. Печете во загреана рерна на 180 степени, 35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.