Овие печива се прават без квасец, тестото е многу едноставно, се прави со неколку базични состојки како брашно, масло, вода и кефир. Излегува многу меко, а филот може да го подготвувате по ваш вкус. Следниот рецепт е со спанаќ, младо кромитче, обичен кромид и магдонос. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 главици кромид, 500 г спанаќ, малку магдонос, малку ситно сечкан зелен кромид, 1 чаша кефир (200 мл), 1 чајна чаша вода (90 мл), 1 мала лажичка сол (8 г), 1 јајце, 3,5 чаши брашно (420 г), 1 мала лажица путер (15 г), 1 голема лажица масло (12 мл).
ЗА ФИЛОТ: 1 мала лажица црвена зачинска пиперка (на парчиња), 1 мала лажица сол, 1 мала лажица црн пипер, кумин. Може да ставите блага или лута зачинска пиперка. За премачкување, во жолчката може да измешате 1 лажица кефир со 1 лажица масло.
ПОСТАПКА: Излупете ги двете главици кромид со средна големина. Потоа започнете со сечкање на зеленчукот. Прво исечкајте го кромидот на ситни парчиња, на коцки. Истото направете го и со младото кромитче кое може да го ставите по желба, јас обично ставам иста количина како и со обичниот кромид.
Спанаќот се сечка ситно, како и претходните состојки и се складира настрана посебно од останатиот зеленчук. Магдоносот исечкајте го на ситни парчиња, да ви биде спремен за подоцна. За подготовка на тестото, во еден подлабок сад ставете го кефирот, потоа додајте ја водата, солта и маслото.
Малку промешајте ги состојките со шпатула, па настрана издвојте ја белката од едно јајце. Жолчката зачувајте ја за подоцна за премачкување, а белката додајте ја во состојките за тестото. Соединете ги состојките во еднолична смеса.
Потоа, започнете постепено да го додавате брашното, со нежно мешање со шпатула, додека состојките да се соединат во тесто. Доколку е потребно во тестото додајте повеќе вода или брашно. Замесете фино и меко тесто со рацете додека да престане да се лепи и да биде компактно.
Тестото не треба многу долго да се замесува, за да остане меко, важно е да не се лепи. Вратете го тестото во садот и покријте го со крпа, па оставете да одмори 10-тина минути. Во меѓувреме, во едно тавче ставете една коцка путер и растопете.
Во растопениот путер ставете го сечканиот кромид да се пропржи. Со повремено мешање, пржете го кромидот на ниска температура додека почне да се карамелизирува, па тргнете го рингла. Префрлете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 2 еднакви делови.
Секој дел развлечете го во подебел валјак, па исечете на неколку парчиња, да добиете вкупно 9 еднакви делови. Секој дел формирајте го во топче и ставете ги покриени под фолија, да одморат уште 10-тина минути.
Во меѓувреме, соединете го целиот зеленчук сосе пропржениот кромид и зачинете го со напишаните зачини погоре. По изминатото време, развлечете едно по едно топче и на средина ставете од филот, преклопете го тестото и добро залепете ги краевите. Тестото да биде во фина коцка.
Тестата се ставаат на плех, обложен со хартија за печење и се премачкуваат со разматената жолчка, 1 лажица млеко и 1 лажица масло. По желба, наросете ги со сусам. Печивата се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 25-30 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.