Ако барате рецепт по кој едноставно само ќе промешате и ќе добиете вкусен колач – тогаш ова е тоа!

Потребни состојки:

1 јајце

1 шолјичка шеќер

1 шолјичка гриз

1 шолјичка мелени ореви

2 шолји рендано јаболко

½ прашок за печиво

Малку цимет

½ шолја масло

½ шолја млеко

(1 шолја = 200 мл)

(1 шолјичка = 100 мл)

Постапка:

Сите состојки измешајте ги и смесата излејте ја подмачкана и набрашнета тепсија, па печете на 180 степени околу 45 минути.

Врз изладениот колач ставете глазура од чоколадо (по желба) и наросете со мелени ореви.