Спиењето игра клучна улога за добра здравствена состојба и благосостојба во текот на целиот живот. Ако добивате доволно квалитетно спиење во вистинско време, тоа може да помогне во заштитата на вашето ментално здравје, физичко здравје, квалитетот на животот и безбедноста.

Во текот на спиењето, вашето тело врши поддршка на здравата мозочна функција и одржување на вашето физичко здравје. Кај децата и тинејџерите, спиењето исто така, помага во нивниот раст и здравиот психички и физички развој.

Дефицитот на квалитетен сон може да го зголеми ризикот од некои хронични здравствени проблеми. Исто така, може да влијае и врзквалитетот на размислување, концентрација, реагирање, работење, учење, и социјален живот.

Според Институтот за медицина во Америка, повеќе од 50 милиони Американци почувствувале проблеми со спиењето или патат од недоволно спиење.

Ако имате било какви проблеми со спиењето, вие дефинитивно треба да се обидете со овој домашен Банана-Цимет пијалак,еден час пред спиење!

Зошто банани?

Бананите може да бидат многу корисни во борбата против несоницата, бидејќи содржат аминокиселина наречена триптофан а која помагада се подигне нивото на серотонин, кој пак помага да се регулира апетитот и спиењето.

Исто така, ќе го подигне вашето расположение и ќе ви помогне во регулирањето на вашиот апетит. Минералите, како што се железо, калциум и калиум присутни во ова овошје, исто така, ќе ви помогнат квалитетно да заспиете.

Зошто цимет?

Неверојатниот зачин кој својите здравствени својства им ги должи на етеричните масла, како што се еугенол, односно фенилпропаноидс, класа на хемиско соединение кое му дава пријатен, сладок ароматичен мирис.

Циметот исто така содржи многу добри количини на витамин А, ниацин, пантотенска киселина и пиридоксин. Циметот е совршена состојкакоја треба да ја користите за овој чај. Му дава пријатен вкус на чајот а со тоа ќе му помогне на вашето тело да се релаксира.

Исто така, помага во циркулацијата и варењето на храната, бидејќи во голема мера и до нив зависи квалитетниот сон.

Потребни состојки:

1 банана

1 литар вода

½ лажиче. цимет

Постапка:

Зовријте ја водата. Потоа, исечете ги краевите на бананата па ставете ги во водата што врие. Оставете да се вари 10 минути. Процедете ја течноста. Додадете малку цимет за вкус. Овој напиток треба да го пиете еден час пред спиење.

Сигурно се прашувате дали бананата треба да се излупи. Во оригиналниот рецепт, бананата се става нелупена. Но поради претпазливост (од разни фунгициди и пестициди), најдобро е претходно добро измиената лушпа да ја третирате со солен раствор, сода бикарбона или киселина.

Ако имате постојани проблеми со спиењето во текот на ноќта, тоа би можело да укажува и на други, сериозни здравствени проблеми. Би можело да биде предизвикано од различни причини, како што се: дефицит на некои минерали, нездрава исхрана, анксиозност и погрешен начин на живеење.

Некои апчиња за спиење може да ви помогнат да спиете подобро, понекогаш, но тие нема да го поправат вистинскиот проблем.

Тоа е причината зошто треба да се фокусирате на намалување на нивото на анксиозност, да јадете здрава храна, да вежбате повеќе и да практикувате редовна рутина за спиење која ќе му помогне на вашиот мозок и тело да се релаксира повеќе и истовремено да се прочисти од токсините.

Не заборавајте: вашиот мозок се самопрочистува од токсините само додека спиете!