Без пржење…Модар патлиџан што ги воодушеви сите, највкусниот што сум го направил..прсти да излижеш… Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 модри патлиџани
30 мл маслиново масло
сол, лук во прав и црн пипер по вкус
слатка црвена пиперка во прав
оригано

За фил:
1 главица кромид (сечкан)
2 пиперки (сечкани)
2 чешниња лук
300 г мелено месо
ким, ѓумбир, коријандер, слатка црвена пиперка во прав по вкус
магдонос (сечкан)
250 мл доматно пире
150 мл вода

И уште:
150 г моцарела или кашкавал по вкус
60 г пармезан
оригано по вкус

ПОСТАПКА:

1.Измиениот модар патлиџан исечете го на ленти со дебелина од 1 см.

2.Во помал сад сипете масло, зачинете го со сол, лук во прав, црн пипер, слатка пиперка и оригано. Измешајте.

3.Со оваа маринада премачкјате ги парчињата од двете страни, наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.

4.Додека се пече модриот патлиџан, пригответе го филот. Запржете го кромидот на малку масло, па додајте ги и динстајте 5 минути со повремено промешување, на умерена температура.

5.Посолете, запиперете и додајте рендан лук, мелено месо, зачини по вкус и мешајте додека сето да се изедначи и месото да се зготви, 10-тина минути.

6.Пред крајот додајте една рака ситно сечкан магдонос и 250 мл доматно пире (кечап). Сипете и 150 мл вода и гответе уште 10-15 минути (додека течноста да испари и сето убаво да се зготви).

7.ФИЛУВАЊЕ: Врз парче модар патлиџан ставете фил, посипете малку рендан кашкавал/моцарела и малку ситен пармезан, па преклопете со друго парче.

И врз второто парче ставете фил од мелено месо, па посипете кашкавал и пармезан. Поклопете трето парче патлиџан и повторете го филувањето.

Одозгора посипете оригано и вратете да се допече уште 15 минути на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.