Потребни состојки:

5 јаболка Златен делишес

1,5 литар вода

3 пудинг од ванила

9 лажици шеќер

околу 200 г бисквити петит

за декорација:

250 мл млеко

2 шлаг во прав

Постапка:

Јаболката излупете ги, исечете ги на поголеми парчиња и ставете ги да се варат во 1,5 ладна вода во која сте додале 9 лажици шеќер.

Кога ќе зоврие, намалете го огнот и варете додека јаболката да омекнат, односно, кога ќе прободете со виљушка треба да се распадне парчето. Со лажица решетка извадете ги јаболката во еден сад и изгмечете ги.

Во малку вода (неколку лажици) разматете го пудингот во прав и додадете го водата во која се вареа јаболката. Гответе со постојано мешање додека да згусне.

Во варениот пудинг додадете ги изгмечените јаболка и соединете.

На дното од среден плех за печење, наредете еден ред бисквити, па прелијте со врелиот крем.

Кога ќе излади декорирајте со шлаг и наросете со чоколадни трошки.

Доколку сакате можете да наредите и два слоја бисквити: бисквити, фил, бисквити, фил, шлаг.