„Нема родител кој не е загрижен за своето дете, особено кога тоа има висока температура и кога топломерот покажува 39 или 40, а антипиретиците делувале. Во тој момент започнуваме со сите алтернативни решенија кои ни се достапни“, вели д-р Бранимир Несторовиќ.
Бројни се советите за намалување на температурата, почнувајќи од советите на нашите баби до некои прастари методи кои се користеле порано, а делуваат и денес.
Меѓу нив се туширањето со ладна вода, ставање сенф на стапалата, редење тркалца компир на главата и нозете, облоги од мешавина добиена од вински оцет и пченкарно брашно… Но што од сето тоа навистина делува?
Д-р Бранимир Несторовиќ, пулмолог и алерголог, откри кој алтернативен метод за намалување на температурата е најефикасен. „Дали знаете зошто луѓето добиваат „треска“, односно им се покачува температурата? Знаете ли кој од нив закрепнува побрзо, оние што веднаш се обидуваат да ја симнат или оние што не ја намалуваат додека не се покачи над 38?
Оние кои не ја намалуваат температурата се опоравуваат побрзо, па затоа, не треба да се брза и кај пониска од 38. Треба да се започне со намалување на температурата доколку детето л ошо изгледа.
Постојат англиски препораки кои велат дека температурата треба да се симнува само ако температурата е многу висока, а детето баш лошо изгледа. Ако тоа не е случај, тогаш не треба да се размислува за симнување на температурата. Најдобро е детето да се тушира со млака вода, а потоа да се брише со пешкир исто како кога е испотено“, вели д-р Нестотовиќ.
Голем дел од родителите посегнуваат по антипиретици, а најчесто избираат парацетамол или бруфен за симнување на температурата, а д-р Нестотовиќ откри една новина која се однесува на еден од овие два лекови. „Може да се даде бруфен, но генерално би било најдобро да се намалува температурата со некои ,селски методи‘“, вели тој.
„На пример, кај возрасните, кафето е најефикасно за намалување на температурата. Силно концентрирано кафе, на секои 4 часа е одличен антипиретик. Можеби најдобар е лист од тиква, но каде ќе најдете сега?
Листот од тиква одлично помага во намалување на температурата, се вари една ипол рака лист од тиква на еден литар вода, а приготвениот чај се пие четирипати дневно – и температура нема, ова навистина е врвна природна терапија за која малкумина знаат“, открива д-р Несторовиќ.
Кога температурата одеднаш се покачила, тогаш родителите често се прашуваат дали е подобро да му стават чепче на детето или пак да се обидат со сируп. Немојте да користите чепчиња, ве молам, бидејќи апсорпцијата преку дебелото црево е променлива и не е иста кај сите деца“, истакна докторот и додаде:
„Температурата е одбранбен механизам, исклучително ефикасен, па дури и ладнокрвните животни ја покачуваат температурата кога се б олни. Рибите ја зголемуваат телесната температура кога се б олни.
Тоа е природен механизам кој ги уни-тува вирусите и бактериите. Само ако детето изгледа лошо, ако го б олки глава, ако е омалаксано, тогаш треба да му се симнува температурата“, заклучува д-р Несторовиќ.