На сите понекогаш ни е потребно детално „чистење“ на организмот, но помислата на детоксикација обично асоцира на одрекување, гладување и промена во расположението. За наша среќа, организмот можеме да го прочистиме со следните неколку итри правила:
1.Денот започнете го со топла чаша вода и лимонов сок
Еден од најздравите утрински пијалаци со кои можете да го започнете денот. Важно е водата да биде топла бидејќи ладната може да го „шокира“ дигестивниот тракт и да ја успори неговата работа. Витаминот Ц од лимонот ќе ја подобри функцијата на ензимите и ќе го стимулира црниот дроб за телото полесно да ги исфрли токините. Лимонот ја помага дигестијата и го олеснува прзнењето на цревата.
2.Пробајте со активен јаглен
Еден од начините за елиминирање на токините од организмот е користење на активен јаглен. Може да се консумира орално, а има својство да ги впива штетните материи во дигестивниот систем, па на тој начин помага при детоксикацијата. Можете да го издробите и да го измешате со лимонада, но не се препорачува негово долготрајно користење. Во краток временски интервал е сигурен и безопасен, а пред употреба и дозирање прочитајте го приложеното упатство или консултирајте се со вашиот лекар.
3.Одбегнувајте индустриски преработена храна во големи пакувања и конзерви
Иако е тешко да им се одолее на купечките закуски и разни грицки кои можат да се најдат во големи пакувања, сепак за да се исчисти организмот потребно е оваа храна да се одбегнува. Ова правило за „одбегнување на конзервирана и храна во големи пакувања“ ќе ви овозможи на менито да ви бидат повеќе застапени свежи намирници од овошје и зеленчук, житарици и јаткасти плодови.
4.Консумирајте пробиотици
Организмот е оптеретен со секојдневното консумирање на тешко сварлива храна. За полесно да се елиминираат токсините од телото, потребно е да консумирате пробиотици, во вид на јогурти кои содржат добри бактерии, или пак некој додаток во прав или капсули кои се купуваат во аптеките.
5.Во исхраната вметнете зачини
Зачините како што се ѓумбирот, циметот, куминот, куркумата… покрај тоа што ќе им дадат нов вкус на јадењата, ќе му помогнат на телото побрзо да се исчисти. Куркумата помага во стимулација за лачење на ензими од црниот дроб и чистење од канцерогените токсини, а куминот се употребува за чистење од цревни паразити и глисти, против подуеност и подобрување на дигестијата.
Ѓумбирот е богат го гингерол, природна состојка која ја подобрува работата на цревата. Покрај тоа што ја олеснува и подобрува дигестијата, ја ублажува подуеноста и желудечните тегоби. Циметот исто така му помага на телото да се исчисти од токсините па не е ни чудо што е честа состојка во многу детоксикациски напитоци.