Нашите коски постојано се обновуваат, постојано се создава ново коскено ткиво. Кога тоа не би се случувало, коските не би биле квалитетни и често би имале фрактури.
Клетките наречени остеокласти вршат разградување на старото коскено ткиво, а новото го градат остеобластите. Па така, во нормални услови, остеокластите и остеобластите се во постојана меѓусебна рамнотежа. Меѓутоа, од Х причини, таа рамнотежа може да се поремети, па во такви ситуации доаѓа до намалување на коскената маса.
Кај повеќето луѓе густината на коскената маса започнува постепено да се намалува кога ќе ја поминат 30-тата година од животот, а кај жените тоа значително се забрзува во првите десет години од почетокот на менопаузата.
За среќа, постојат мерки кои можете да ги преземете за да го успорите или дури и целосно да го стопирате губењето на густината на коските. Не си помислувајте дека станува збор за лекови или суплементи. Како и секогаш, природата ни го нуди најдоброто решение.
Foeniculum vulgare – МОРАЧ – МАКЕДОНСКИ АНАСОН
На прво место е познатата, а често неправедно занемарена намирница – македонскиот анасон или како што уште се нарекува, морач или коморач. Ако досега не сте го пробале овој анасон, тогаш ова е вистинското време за првпат. Оваа билка уште е наречена и сладок копар, сладок анис, дива мирудија… во зависност од поднебјето каде живеете.
Овој зеленчук има долга историја за негово користење во медицински цели, па одамна се применува како освежувач на здивот, кај дигестивни тегоби и за исфрлање на слуз од белите дробови. Семето од анасонот има благопријатно дејство и против губитокот на минералната густина на коските.
Делува така што го зголемува бројот на остеокластите (клетките кои ги градат коските) и со тоа дава заштита на скелетниот систем. Анасонот е богатство од хранливи материи, вклучително витамин Ц, фолна киселина, калциум и магнезиум. Содржи антиоксиданти кои помагаат да се намалат воспаленијата, го јакнат имунолошкиот систем и помагаат во спречување на појава на рак.
Затоа, дури и доколку не сакате да го јадете анасонот, понекогаш додадете го во дневното мени. Сепак станува збор за вашето здравје. Македонскиот анасон е само еден пример за зеленчук кој е одличен за вашите коски.
Висок процент на зеленчук во исхраната веќе одамна е познато дека има позитивен ефект врз минералниот статус на коските. Вклучување во прехраната на квалитетен, органски и домашен зеленчук, ќе ја зголеми силата на вашите коски и ќе го намали ризикот од фрактури во било која возраст од вашиот живот.
КАКАО
Вашите коски се состојат од 10-тина минерали, па така освен калциум мора да обратите внимание и за внес на некои други минерали, како што се силициум и магнезиум. Добри извори на силициум се краставиците, пиперките, доматите и бројни други билки вклучително копривата и луцерката.
Што се однесува до магнезиумот, најдобар извор на овој минерал е сировото органско какао. Секако, квалитетното црно чоколадо изобилува со овој минерал.
Уште еден обилен извор на магнезиум е хималајската кристална сол. Имено, таа содржи 84 елементи кои се наоѓаат во човековото тело. Хималајската сол до неодамна беше непозната во нашите краишта, но сега можете да пронајдете речиси во секоја продавница.
ВИТАМИН К2
Една од многу важните состојки кои му се потребни на организмот за силни коски е витаминот К2.
Ако не ги јадете редовно следните намирници, тогаш веројатно имате недостиг на овој витамин и треба нешто да направите во врска со тоа:
-ферментирани намирници (на пр.домашна кисела зелка)
-органски животински производи (јогурт, путер…)
-многу видови на сирење
Да заклучиме, еден од најдобрите начини за постигнување на здрави коски е богата исхрана со свежи, сирови и интегрални намирници кои содржат природни минерали. На тој начин вашето тело ги добива сите нутриенти потребни за негово нормално функционирање.
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ…
Освен правилна прехрана, не заборавајте на редовно изложување на сончеви зраци за да обезбедите и доволна количина на витамин Д, но внимавајте изложувањето да биде во сигурните часови кога нема штетно УВ зрачење. Исто така, не ја заборавајте и редовната телесна активност, особено вежби за јакнење, кои докажано ја стимулираат изградбата и јакнењето на коските.
И конечно, намалете го внесот на шеќерот и рафинираните житарици, па ќе бидете сигурни дека за своите коски сте направиле се’ што било во ваша можност за останат здрави и цврсти во секоја животна возраст!