Современото познавање на диететиката во случај на болести придружени со треска, сами по себе не бараат некоја посебна медицинска диета. Меѓутоа, на п ациентот му се потребни големи количини на енергија, односна храна која ќе го „подигне од пocтелата“ и ќе се избopи против болеста.
Дури три до четирипати повеќе храна му е потребно на еден човек со висока температура отколку кога е здрав. Поради зголемената температура и присуството на инфекција во организмот, сого-рувањето на протеините е особено забрзано.
Од друга страна, пациент со треска има намален апетит, поради намалена секреција на дигестивни сокови, варењето на храната се одвива поспоро, а храната се чини како да има неубав вкус. Бoлниот се чувствува дехидрирано и постојано е жеден, a поради треската мора постојано да ги надокнадува изгубените течности. Понекогаш состојбата е доста неугодна.
Значи, на пациент со треска му е потребна внимателно одбрана храна. Како прво, потребно е да јаде лесно сварлива протеинска храна и да внесува многу течности и витамини. Со цел да се „разбуди“ ослабениот апетит на пациентот, мора да му дадеме разновидна и лесно сварлива храна и приближно треба да се следат следниве принципи:
Храната треба да се подготвува што е можно повкусно. Затоа, користете обични зачини во кујната, земете ја во предвид разновидноста на менито и додавајте што помалку сол. Пациент со треска има потреба од многу течности. Болниот овие течности треба да ги внесува преку сокови, чаеви, компоти, супи, полутечни и течни чорби.
Кога го составувате менито, помислете на многу потребните протеини. Протеинот може да се даде на болниот во форма на каши, разни чорби, телешко и пилешко месо, јајца, пробиотици.
Потребно е да го искористите богатството на протеини во млекото, како и во млечните производи. Имајте на ум дека болниот со висока температура често преферира кисела храна отколку слатка. Затоа, обидете се да му дадете што повеќе кисело млеко и јогурт.
Обезбедете му на болниот јаглехидрати како ориз, поретко тестенини, а треба да се избегнува лебот. Давајте му на болниот овесна каша, бидејќи таа е многу хранлива и богатa со витамини.
Од мастите, најдобро е да му дадете на пациентот сиров или растопен путер додаден во оброкот или масло во мала количина. Нема причини да се зборува против употребата на добра домашна маст.
Сепак количеството на масти треба да биде во умерена количина. Погодни се претежно сите супи, освен зачинета супа од гулаш, супа од суви мешунки и печурки. Пробајте ладни супи и варива. Освен чорби направени од суви мешунки и печурки, може да се користат речиси сите чорби од зеленчук, како и сосови.
На сериозно б олни п ациенти не треба да им се даваат поостри сирови салати. Сепак, бидејќи пациентите обично сакаат кисели и ладни оброци, подгответе варена салата, салата од разни сечкани зеленчуци, француска салата со малку масти, салата од цвекло и слично. Салата од црна ротквица или ладен компир воопшто не е соодветна, особено ако стоела подолго време.
Тестенините и печивата може да се дадат на пациентот во лесно сварлива форма. Таквите јадења треба да бидат умерено масни и не треба да бидат премногу слатки, бидејќи тоа не одговара на состојбата на пациентот. Потребно е да избегнувате потеш-ка храна која содржи ореви и големи количини масти, чоколадо. Исто така и кафето треба да се избегнува.
Домашните компоти се навистина освежувачки и хранливи, но тие се сиpoмашни со витамини. Сепак, на пациентите со висока температура им се потребни поголеми количини на витамин Ц.
Потребно е да се дава течна и кашеста храна на пациент со висока температура. За време на закрепнувањето, преминете на кашеста храна, потоа на погуста храна и на крај на обична полесна домашна храна. Храната мора да биде помалку зачинета, помалку масна и помалку солена од обичната, секојдневна храна. Оброците мора да бидат многубројни. На пациентот му е потребна и витаминска cyплементација.
Според табелата опишана во книгата „Практичен готвач“ наведени се кои јадења треба пациентот да ги јаде, а кои да ги избегнува за време на висока температура. Добрата храна може значително да ја намали високата температура и бoлниот да се чyвствува подобро.
Од пијалаци дозволено е: свежи и конзервирани овошни сокови подготвени во домашни услови, минерална вода, чаеви, какао (во мала количина). Не е дозволено: ал-кохолни пијалаци и веш-тачки подготвени сокови со многу шеќер. Пациентот најмногу треба да пие вода при оваа состојба.
Од млечни производи дозволено е: млеко, кисело млеко, јогурт, несолено сирење во мала количина. Не е дозволено: пикантно, зрело сирење со голема количина на сол. Од супи дозволено е: посни супи, пилешка супа, кисела супа, ладна супа. Не е дозволено: пикантни, супи – гулаш и супи со многу сол и други зачини.
Од месести производи дозволено е: варено или печено пилешко месо, слатководни риби. Не е дозволено: свинско месо и друго масно месо, конзервирано месо.
Од варива, овошје и зеленчук дозволено е: сите видови свежо овошје, овошје со мало количество целулоза и тенка кора, варен компир или пире несолено. Не е дозволено: овошје со дебела кора, кељ, суви мешунки. Треба да се одбегнува пржен и зачинет помфит.