Проверете зошто толку е популарна!
Потребни состојки: 250 мл слатка павлака, 500 г маскарпоне, 100 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, неколку капки лимонов сок, 250 мл ладно кафе, малку амарето ликер, околу 60 пишкоти, какао за наросување одозгора
Постапка: во варено и изладено кафе додадете амарето ликер. Слатката павлака изматете ја и постепено додавајте шеќер во прав, ванилин шеќер, маскарпоне и неколку капки лимонов сок.
Пишкотите натопувајте ги во кафето со ликер и распоредете ги на дното од тепсијата, а потоа премачкајте со крем, па повторно пишкоти, крем и така натаму…
Завршете со крем и одозгора наросете со какао. Оставете преку ноќ да се стегне а пишкотите убаво да омекнат.