Порано за луѓето ова беше непознато растение, но сега дури и во Македонија има луѓе кои го одгледуваат за лек и храна. Оваа билка која наликува на компир стана вистински кулинарски хит изминативе неколку години, а причината за тоа се нејзините лековити својства.

Латинското име на оваа билка Helianthus tuberosus. Позната е исто така како ерусалимска артичока или див компир. Во Кина се нарекува јанг џијанг и во традиционалната медицина коренот и листот се користат како лек. Лековита е кога се користи како храна а се употребува и во фармацевтската индустрија.

чичока

Овој необичен зеленчук исто така има ниска калорична вредност. На 100 грама чичока содржи околу 73 калории, што ја прави идеална намирница за борба против вишокот калории. Исто така, таа е одличен избор за луѓе кои имаат нарушена цревна флора и лоша дигестија. Чичоката ќе им го реши овој проблем за кратко време.

Чичоката е богата со витамини и минерали

Содржи доста калиум кој е важен за контролирање на крвниот притисок, за регулирање на функционирањето на срцевиот мускул и на целото срце, ја регулира водата во телото и преносот на нервни импулси, како и фосфорот кој е важен за здравјето на забите и коските. Само половина шолја свежи чичоки задоволува 20% дневни потреби за калиум.

За разлика од компирот не содржи скроб. Богата е со инулин кој не доведува до зголемување на нивото на шеќер и инсулин во крвта, па претставува одлична храна за дијабетичарите.

Содржи и калциум, магнезиум, железо, комплекс Б витамини, витамини Ц и Д и провитамин А, а исто така претставува и одличен извор на амино киселини.

Чичоките може да се консумираат варени, печени или сирови, иако е најдобро кога се сирови, тенко изрендени во салата со мешан зеленчук. Исто така, може да се користи како замена за друг зеленчук, како на пример варен или печен компир кој најчесто се користи како прилог со главното јадење.

чичока

КАКО СЕ КОРИСТИ

Иако може да се консумираат сирови, чичоките може да се сервираат во вид на супа или салата.

Супа од чичока:

4 чичоки

2 моркови

1 корен од морков со лист

150 г варен компир

1 лажица безглутенско брашно

3 лажици маслиново масло

Сол по вкус

Постапка:

Исечкајте ги морковите и магдоносот на коцки, испечете ги на маслиново масло и додадете брашно и литар солена вода кога зеленчукот ќе потемне. Во меѓувреме излупете ги чичоките, исечете ги на коцки и додадете го другиот зеленчук.

Кога чичоката ќе омекне, додадете го компирот исечкан на коцки, промешајте и украсете со сечкан лист од магдонос.

САЛАТА ОД ЧИЧОКА

500 г јаболка

500 г чичоки

1 портокал – сок

Маслиново масло

Постапка:

Излупете ги јаболката и чичоката, па потоа изрендајте. Прелијте со сок од портокал и додадете лажица маслиново масло. Убаво промешајте.