Рецепт и видео прилог на Тубаба од Nefis Sanal Lezzetler: Кремаст јогуртен колач

Многу ќе ви се допадне вкусот на овој колач. Овој рецепт е економичен бидејќи се состои од многу малку состојки.

Потребни состојки:

4 јајца
100 г шеќер (малку повеќе од половина чаша)
50 г скроб/нишесте ( ½ чаша)
325 грчки јогурт или кисела павлака
1 лимон – рендана кора
1 ванилин шеќер

Постапка:

Одвојте ги белките па пенасто изматете ги со постепено додавање на 70 г шеќер, додека да добиете убав цврст и сјаен снег.

Во жолчките додадете го преостанатиот шеќер (30 г) и додадете една кесичка ванилин шеќер. Изматете ги со миксер додека да побелат и згуснат. Потоа додадете 325 г кисела павлака и продолжете да матите со миксерот додека да се изедначат.

Во смесата од жолчки и кисела павлака додадете 50 г густин (скроб) и рендана кора од еден лимон. Ако не го сакате интензивниот вкус на лимонот, тогаш ставете помалку. Уште еднаш кратко изматете за да се поврзат состојките.

Потоа постепено со лажица додадете го снегот од белки и полека промешајте за да остане смесата воздушеста. Добиената смеса излејте ја во помал калап за торти (18 см) обложен со хартија за печење.

Ставете да се пече во загреана рерна на 160 степени околу 35-40 минути. Оставете малку да излади, а потоа отстранете го обрачот и хартијата, а одозгора наросете со шечер во прав. Деталите можете да ги погледнете во видеото: