Home пита Без јајца, без млеко, а се топи во уста…Посна пита со праз,...

Без јајца, без млеко, а се топи во уста…Посна пита со праз, прсти да излижеш!

Посна пита со праз и компири

Оваа посна пита е вистинско ремек-дело на едноставноста и вкусот – нежна, сочна и полна со арома на домашна топлина.

Со тенки кори и богат фил од праз и компири, ќе ја освои секоја трпеза, особено во деновите на пост. Подгответе ја со љубов и уживајте во секој залак, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

За тестото:
400 ml млака вода
8 g сув квасец или 30 g свеж квасец
1 лажичка шеќер
100 ml масло
600 g брашно
1 лажичка сол

За филот:
2 страка праз
неколку компири (6 средни по големина)
малку црн пипер
малку сол
НМД
зачини по вкус

За премачкување:
150 g растопен маргарин

За прелив:
преостанатиот растопен маргарин со малку мелен црвен пипер
по желба сусам за посипување

Постапка

Во сад со 200 ml млака вода растворете го квасецот и шеќерот, додајте малку брашно и оставете да се активира.

Потоа додајте ги преостанатите 200 ml вода, маслото и солта. Постепено додавајте го брашното и месете додека да добиете меко, еластично тесто. Покријте го и оставете да одмори.

Тестото поделете на 6 еднакви делови и обликувајте топчиња. Оставете ги да одморат додека го подготвувате филот.

За филот ситно исечкајте ги празот и компирите (можете и во „сечко“). Пропржете ги на малку масло додека да омекнат, па зачинете со сол, црн пипер и зачини по вкус. Оставете да се излади.

Секое топче тесто развлечете го тенко во круг. Првите пет кори премачкајте со растопен маргарин, ставете дел од филот и редете една врз друга. Последната кора ставете ја одозгора без фил.

Сложениот пакет нежно притискајќи го со дланките обликувајте го во правоаголна кора, а потоа исечете ја на ленти широки 2-3 cm.

Секоја лента свиткајте ја спирално, а спиралите редете ги во плех обложен со хартија за печење. Преостанатиот маргарин измешајте го со малку мелен црвен пипер и премачкјате ја питата. По желба посипете сусам.

Оставете ја питата да одмори 10-15 минути. Печете ја во загреана рерна на 200°C првите 10 минути, потоа намалете на 180°C и допечете уште 15 минути, додека да добие златна боја.

Извадете ја, покријте ја со крпа и оставете малку да омекне. Послужете ја топла – нежноста и сочноста ќе ве воодушеват. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: