Кујнските трендови за 2026 година носат јасна порака: топлина, функционалност и паметна инвестиција
Белите кујни, кои со години важеа за симбол на модерност и минимализам, полека го губат приматот.
Според најновиот Извештај за кујни 2026, базиран на онлајн анкета меѓу 1.780 сопственици на домови кои реновирале или планираат реновирање, трендовите јасно се насочуваат кон природни материјали, преоден стил и функционални решенија со долгорочна вредност.

„Кујната останува една од најголемите и најпаметни инвестиции во домот“, се наведува во извештајот.
Колку се инвестира во модерна кујна?
Податоците покажуваат дека дијапазонот на вложувања изнесува:
• околу 20.000 долари за помали реновирања
• дури 55.000 долари за поголеми, комплетни проекти
Ова објаснува зошто сè повеќе сопственици избираат издржливи материјали и безвременски дизајн, наместо трендови што брзо минуваат.
Погледнете неколку преубави кујни предвидени за мали простории
🌿 Враќање кон дрвото: најголемиот пресврт во 2026
Најголемата промена се забележува кај бојата и материјалот на кујнските ормари. За првпат по долги години, дрвото ја надминува белата боја како најпопуларен избор.
Најбарани се:
• јавор
• бел даб
Во таканаречените двобојни кујни, белата и понатаму се користи кај горните елементи, додека долните ормари се во дрвена текстура – комбинација што визуелно го „омекнува“ просторот и делува поскапо.
Доминираат ормари со рамни фронти со дискретна рамка, додека кај рачките најчест избор се:
• едноставни прави линии
• финиш во брусен никел или мат црна боја
🎨 Преоден стил и неутрални тонови – сигурен избор
Најпопуларен стил во 2026 е т.н. преоден стил, кој комбинира класични линии со современи детали. Околу 25% од сопствениците се одлучуваат токму за овој пристап, бидејќи нуди рамнотежа меѓу естетика и практичност.
И покрај најавите за смели бои, ѕидовите и понатаму остануваат во неутрални нијанси:
• „прљаво“ бела
• топла бела
• суптилни беж тонови
Ова овозможува полесно усогласување со мебелот, апаратите и осветлувањето.
🪨 Работни плочи и backsplash: практичноста победува
Кога станува збор за работни плочи, кварцот и понатаму доминира поради издржливоста и лесното одржување. Сепак, расте интересот за:
• дрвени работни плочи на кујнските острови, кои внесуваат топлина и можат да ги намалат вкупните трошоци
Кај backsplash решенијата, сè попопуларен е:
• еден голем камен или кварцен панел, без фуги
Мермерот и zellige плочките се во пад, најмногу поради сложното одржување и чувствителноста при секојдневна употреба.
⚙️ Функционалноста е новиот луксуз
Во 2026 година, убавата кујна не е доволна – таа мора да биде и паметно организирана.
Најбарани решенија се:
• високи ормари за остава
• вградени станици за пијалаци
• паметни фиоки и извлекувачки системи
• максимално искористување на вертикалниот простор
Кај апаратите, нерѓосувачкиот челик останува прв избор, благодарение на неговата издржливост, лесно одржување и неутрален изглед што одговара на различни стилови.
🔑 Заклучок: Кујна што изгледа добро и вреди на долг рок
Трендовите за 2026 година јасно покажуваат дека фокусот се префрла од „што е модерно“ кон „што е паметно“.
Природните материјали, преодниот стил и функционалните решенија не само што изгледаат елегантно, туку и ја зголемуваат вредноста на домот.



































