Исклучително вкусни и лесни за приготвување. По вкус потсетуваат на рафаело топчињата, крцкави се и на сите им успеваат.

Потребни состојки:

1 пакување обланди
200 г кокос
400 г кисела павлака
3 шолји (од 200 мл) шеќер или по вкус
1 ванилин шеќер
200 г путер/маргарин

Постапка:

Во едно тенџере растопете го путерот на умерена температура, додадете шеќер, ванилин шеќер и мешајте додека убаво да се растопи. Потоа додадете ја киселата павлака и постојано мешајте додека и таа да се изедначи во смесата.

Кога ќе зоврие тргнете го тенџерето на страна за да излади. Изладената смеса излејте ја во поголем сад и додадете го кокосот. Мешајте додека убаво да се натопи и изедначи со смесата.

На чинија за послужување ставете еден лист обланда со дупчињата нагоре и рамномерно нанесете една третина, односно 8 полни лажици фил. Убаво израмнете.

Ставете го вториот лист обланда и притиснете за да се залепи. Нанесете повторно 8 полни лажици фил, рамномерно распоредете и израмнете, па одозгора ставете трет лист обланда. Притиснете и нанесете го остатокот од филот. Кога ќе ја ставите четвртата обланда, добро притиснете одозгора и оставете околу 2 часа добро да излади или најдобро преку цела ноќ.

Потоа сечете на коцки или штангли и послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: