Потребни состојки:

200 г кокос

1 конзерва кондензирано млеко (400 г)

200 г чоколадо

Постапка:

Во кокосот постепено додавајте кондензирано млеко и мешајте/ месете додека добиете убава компактна смеса која ќе ја оставете еден час во фрижидер.

Потоа од смесата правете топчиња и повторно вратете во фрижидер на кратко, колку додека да го растопите чоколадото.

200 г чоколадо растопете го на пареа, па со лажица решетка или штипалка, секое топче потопувајте го во растопеното чоколадо.

Наместо бомбици може смесата со кокос да се излее како една табла, па да се полее со чоколадна глазура и кога ќе се стегне да се сечат штангли.