Со сестра ми секојдневно си се јавуваме и си кажуваме што ќе готвиме за ручек. Некогаш таа ми дава идеи, а некогаш јас ѝ кажувам што ќе правам за тој ден, па ѝ таа ќе го направи истото. Овој рецепт со батаци го добив од неа, минатата седмица, кога навистина немав инспирација. Таа ми рече дека се прави многу брзо, а дома внукот и зет ми изеле сѐ.




Ручекот го направив веднаш и се уверивме и ние дека месото беше пресочно. Не ми текнало да го правам на овој начин, а отсега нема да го менувам, ќе се водам само по овој рецепт. Во продолжение ќе ви претставам уште еден бонус рецепт за похувани батаци кои ми се ново откритие и редовно почнав да ги правам. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 3 пилешки карабатаци или 3 парчиња пилешко филе. ЗА МАРИНИРАЊЕ: вегета, сол, црн пипер, сенф, црвена зачинска пиперка, масло. И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 1 кг компир, масло, магдонос, црн пипер, неколку чешниња лук, кромид, 3 хартии за печење.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 4 батаци, 2 поголеми компири, 2 јајца, 1 лажичка црвен зачински пипер во прва, 1 коцка за супа, сол и црн пипер, 150 г тврда моцарела или кашкавал по избор, 1 млад кромид, брашно, презла, масло за пржење.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Исечете ги коските од карабатаците, извадете ги жилите и полека истенчете ги трите парчиња месо. Ставете ги парчињата во длабок овал и секое парче зачинете го со вегета, сол, црвен и црн пипер. Зачинувајте ги батаците од двете страни и со прстите малку натапкајте врз месото, за зачините добро да се апсорбираат.




Одозгора прелијте со масло и една лажица сенф. Убаво измешајте ги карабатаците за да се соединат зачините. Оставете да отстојат 15 минути до половина час во фрижидер или најдобро преку цела вечер, за убаво да се маринираат. Во меѓувреме, добро измијте ги компирите и излупете ги. Потоа изрендајте ги на крупната страна од рендето.




Изренданите компири ставете го во длабок сад. Ситно исечкајте две главици кромид и ставете ги во садот со компирите. Во садот ставете две или три чешниња лук (или по вкус), ситно исечкани, на тенки листови. Додајте една лажица вегета, малку црн пипер, сув или свеж магдонос и малку масло и убаво промешајте.




Земете хартија за печење и на неа распоредете го ренданиот компир. Врз компирот ставете го месото и покријте го со останатиот изрендан компир, да не се гледа месото. Завиткајте го парчето месо со рендан компир во хартијата за печење и зацврстете ја хартијата од страните како да пакувате подарок.




Повторете го ова со останатите парчиња месо (секое се витка посебно) и ставете ги во некој плех или тепсија. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги половина час. Истата постапка можете да ја направите и со пилешко филе. Следи постапката за вториот рецепт кој ќе ве воодушеви:




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во поголемо тенџере со вода ставете ги батаците да се варат. Кога ќе зоврие водата додајте коцка за супа. Додека се варат батаците, излупете ги компирите и исечкајте ги, па ставете ги и тие да се варат. Посолете и запиперете.

Проверете со виљушка дали компирот е варен, па потоа исплакнете го со ладна вода, исцедете го и изгмечете го како за пире. Зачинете со сол, сув зачин, црн пипер и една лажичка црвен пипер во прав. Младото кромитче ситно исечкајте го, па додадете го и него. Убаво промешајте за да се изедначи.

ВТОР РЕЦЕПТ

Варените батаци извадете ги и оставете ги малку да изладат за да можете да ја извадите кожата и коските. Големите бутни коски сочувајте ги, ќе ви бидат потребни за подоцна, а месото ситно исечкајте го или исцепкајте го со прсти.

Иситното месо додајте го во пирето, па додајте рендан кашкавал или моцарела. Промешајте или со рака замесете ја смесата. Со лажица зафатете поголема количина врз дланката, ставете коска, поклопете и формирајте топка како батак.

Во една чинија изматете јајца, во друга ставете брашно, а во трета ставете презла/лебни трошки. Формираниот батак извалкајте го прво во брашно, па потоа во јајце, а на крај во презла. Вака приготвените батаци пржете ги во длабоко масло и пржете ги на умерена температура додека да зарумени од двете страни. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.