Барон питата е една од најомилените брзи излеани пити. Неверојатно е мека и вкусна, па колку и да ниправам никогаш не е доста, секогаш целата се изедува до последната трошка и сите ја фалат поради нејзиниот вкус. Се подготвува за половина час, а мене ми е омилена со чаша млеко или јогурт. Од срце ви ја препорачувам. Еве што ви е потребно според рецептот на Јелена:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 200 мл јогурт, 180 мл масло, 1 мала лажичка сол, 1 голема пиперка или половина црвена и половина зелена, 200 г сува печеница или шунка, 2 чешниња лук, 200 г бело брашно, 200 г пченкарно брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 150 г фета сирење, 2 лажички сусам




ПОСТАПКА (состојки се мерат со иста чаша од 200 мл): Во подлабок сад скршете четири јајца и пенасто изматете ги со виљушка или кујнска жица-маталка. Додајте една чаша течен јогурт, а потоа и една чаша масло, но да не е полна до врв (180 мл).




Посолете со една полна мала лажичка сол и повторно промешајте со виљушката за да се изедналат состојките. Пиперката исечкајте ја на ситни коцкички, а најдобро би било доколку употребите две во различна боја за да биде питата што пошарена.




Освен пиперките, може да додадете и зеленчук по ваш избор. Потоа ситно исечкајте 200 г сува печеница или шунка (или месо/сувомеснато по избор) и промешајте ја во смесата. Додајте и ситно сечкани две чешниња лук (по вкус).




Потоа додајте една чаша бело пченично брашно помешано со половина кесичка прашок за печиво (5 г), а потоа и една чаша пченкарно брашно. Промешајте додека брашната да се соединат во состојките и да се изедначат со мешавината (да нема суви грутчиња).




Во меѓувреме вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Плехот со димензии 32х20 см или приближно намастете го со масло за готвење на дното и страните, а потоа наросете го со малку брашно (вишокот истресете го).




Излејте ја смесата во приготвениот плех, распоредете рамномерно и израмнете. Одозгора посипете ситно фета сирење и малку сусам или семки по ваш избор. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени или приближно половина час. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.