Фото и рецепт: Зорка Јанчева
Потребни состојки:
500 г готови кори
600 г ситно сирење
2 јајца
1 лажичка прашок за печиво
250 мл газирана вода
300 мл масло
Постапка:
За фил: се меша дробеното сирење со две јајца и една лажичка прашок за печиво.
Се мешаат маслото и газираната вода во еден сад и со оваа течност се премачкуваат сите кори, а не четвртата се става фил. Се витка како ролат.
Се повторува постапката додека да се потрошат состојките. Се премачкуваат со преостанатата течност и се сечат помали парчиња.
Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути, па откако се готови баничките се премачкуваат уште еднаш со течноста и се покриваат за да омекнат.
Банички со сирење (Фото и рецепт: Зорка Јанчева)