Банички со купечки кори, подобри од домашните…никој не ја забележува разликата…БРЗО И ЛЕСНО…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г купечки кори

За премачкување:
3 јајца
1 лажичка сол или по вкус
1 чаша масло (200 мл)
1 чаша јогурт (200 мл)
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
1/2 чаша брашно

За фил:
500 г сирење
1 јајце
1/2 лажичка сол или по вкус

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад изматете ги јајцата со јогуртот и маслото, па додајте го брашното помешано со прашок за печиво и посолете по вкус. Изедначете да нема грутчиња.

2.Во сирењето додајте јајце и сол по вкус, па промешајте.

3.Одвојте 4 кори од купот и исечете ги на тенки лентички (остатокот завиткајте го да не се суши).

4.Земете една кора и премачкјате ја со преливот од јајца преку половина површина (доволни се 2 лажици), а потоа нанесете приближно 2 лажици фил од сирење.

5.Преку сирењето распоредете ги сечканите лентички, па сувиот дел преклопете го преку филот (премачканата половина). Премачкјате ја горната површина со една лажица прелив.

6.Свиткајте како ролат со подигање на чаршавчето. Свиткајте како баничка или редете како ролат во намастен плех. Постапката повтпрете ја со останатите кори.

7.Со остатокот од преливот премачкјате ги питичките одозгора во подебел слој. Печете ги во загреана рерна на 180 степени приближно 25 минути или додека убаво да заруменат.

По печењето прекријете ги со крпа и оставете малку да подизладат и омекнат пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.