Home пита БАНИЧКИ ШТО СЕ ТОПАТ ВО УСТА – ЛЕСНИ, БРЗИ И НЕОДОЛИВИ! Колку...

БАНИЧКИ ШТО СЕ ТОПАТ ВО УСТА – ЛЕСНИ, БРЗИ И НЕОДОЛИВИ! Колку и да направам, никогаш не се доста…вистинска магија…

БАНИЧКИ ШТО СЕ ТОПАТ ВО УСТА – ЛЕСНИ, БРЗИ И НЕОДОЛИВИ! Колку и да направам, никогаш не се доста…вистинска магија…

Овие буреци се вистинска магија – се прават брзо, не треба долго чекање за тестото да ферментира, а вкусот е толку неодолив што ќе сакате да ги правите повторно и повторно! Совршени за секој ден или кога ви доаѓаат гости, пишува НМД.

Можете да ги подготвувате од купечки кори или доколку сте вешти или сакате да испробувате, подгответе домашно тесто. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
– 1 чаша (200 мл) млака вода
– 1 чаша (200 мл) млако млеко
– 1 лажичка сув квасец
– 1 лажичка шеќер
– 1 лажичка сол
– 4,5 чаши брашно
– НМД

За маснотија:
– 150 г путер (растопен)
– 60 мл чаша масло
– За фил: урда и магдонос (или фил по желба)
– За премачкување: 1 жолчка + малку масло

ПОСТАПКА:

Во сад измешајте ја млаката вода, млекото, квасецот и шеќерот. Додајте го брашното постепено, заедно со солта, и месете додека да добиете меко, нелепливо тесто (околу 5-7 минути).

Тестото поделете го на 4 еднакви дела и направете топчиња. Покријте ги и оставете ги да отстојат 10 минути. Секое топче развлечете го во тенка кора, обилно посипувајќи брашно на почетокот за да не се лепи.

Растопете го путерот, измешајте го со маслото и премачкајте ја секоја кора.

Пресечете ја на половина, соберете ги како хармоника, ставете фил (урда со магдонос или по желба) во средината, надолжно, па свиткајте ги краевите навнатре и и како да ги сyчите. Обликувајте ја баничката.

Наредете ги баничките во тава со хартија за печење (или без, тестото е доволно мрсно). Измешајте ја жолчката со малку масло и премачкајте ги баничките одозгора.

Печете во загреана рерна на 180°C (горно-долно печење) додека да заруменат одозгора и одоздола (околу 20-25 минути, контролирајте). Оставете ги малку да се изладат и уживајте во меките, раслоени банички што се топат во уста!

Направете повеќе и замрзнете ги – вкусот останува ист кога ќе ги загреете. Добар апетит! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: