Фото и рецепт: Хаснија Велаџиќ

Потребни состојки:

1 кг фстаци
900 г готови кори (2 пакувања)
300 г путер

За шербет:

1 литар вода
700 г шеќер
1/2 лимон

Постапка:

Тепсијата премачкајте ја со путер и наредете две кори. Наросете ги и нив, премачкајте ги со растопен путер.

Продолжете со редење на корите и премачкување со путер додека да се потроши едното пакување (половина од корите).

Потоа наредете дебел слој фстаци.
Потоа се редат корите од второто пакување исто како претходните.

Значи филот се става само еднаш на средина од баклавата.

Се сече и се става на печење 30 минути на 180 степени, а потоа се намалува на 150 степени и се пече до крај.

Вкупно време на печење е 1:20.

Кога е печена баклавата, врела се прелива со ладен шербет.