Рецепт на Марија од каналот слатките идеи на Марија. Здраво, јас сум Марија и доаѓам од Грција, а денес со вас сакам да споделам еден невообичаен десерт – баклава чизкејк. Има различни вкусови, а досега на никој му нема текнато на оваа комбинација.
Потребни состојки за сируп: 100 мл вода, 200 г шеќер, 1 стапче цимет, 1 лажица мед. За базата на чизкејкот: 200 г бисквити, 150 г лешници, 1 лажичка цимет, половина лажичка каранфилче, 2 лажици кафен шеќер, 180 мл растопен путер.
За чизкејк филот: 1 кг крем сирење / маскарпоне, 300 г шеќер, 1 лажичка ванила екстракт, 200 г блага хопла, 4 јајца, 50 г брашно. За баклава: готови тенки кори, 200 мл растопен путер, 150 г лешници, 1 лажичка цимет, половина лажичка каранфилче, 2 лажици кафен шеќер.
За подготовка на сирупот: Во мало тенџере додајте ја водата, шеќерот и стапче цимет и оставете да зоврие на средна температура. По зовривање, тргнете го тенџерето од оган, додајте мед, промешајте и оставете настрана да се излади.
Подготовка на базата за чизкејк: Во блендер за храна додајте ги бисквите и блендирајте додека да се сомелат добро. Префрлете ги бисквитите во сад. Во блендерот додајте ги лешниците, циметот, каранфилчето во прав, кафениот шеќер и соединете добро.
Префрлете ги во садот со мелените бисквити и додајте го растопениот путер и добро измешајте додека да се соединат сите состојки заедно. Префрлете ја смесата во сад со флексибилен обрач, обложен со хартија за печење и добро распоредете. Ставете да отстои во фрижидер додека да го подготвите филот, околу 15 минути.
Подготовка на филот: Во голем сад додајте ги крем сирењето со шеќерот и екстрактот од ванила и добро матете со миксер 2 – 3 минути. Додајте ја густата павлака и повторно промешајте. Потоа додајте ги јајцата, а на крајот ставете го брашното и соединете.
Прелијте ја смесата преку базата и рамномерно измазнете. Ставете ја тавата во поголем сад за печење кој треба да го наполните со топла вода. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени 45 минути, а потоа намалете на 150 степени и печете уште 25 минути. По печење, ставете го колачот да излади во фрижидер преку цела ноќ.
Подготовка на баклавата: Сомелете ги лешниците, циметот, каранфилчето во прав и кафениот шеќер. Корите за баклава исечете ги во форма на круг, по мерка на тавата со чизјкејк.
По сад ставете една кора и премачкајте ја со растопен путер, па постапката продолжете ја со уште 4 кори, а на четвртата додајте и од смесата со мелени лешници. Додајте ја петата кора, а потоа повторно премачкајте со растипен путер, ставете ја шестата кора, намастете па ставете од смесата со лешници.
Постапката се повторува на секоја втора кора се става од смесата. На последните 4 кори треба да има само путер. Исечете рамномерно на 8 делови како пица, па печете во загреана рерна на 180 степени за 25 – 30 минути.
Откако ќе ја извадите баклавата од рерната, веднаш прелијте го ладниот сируп / шербет во врелата баклава. Оставете ја баклавата да го впие сирупот преку ноќ на собна температура. Пред сервирање ставете ја баклавата врз чизкејкот. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.