Вкусна и кремаста торта која многу брзо се приготвува, за љубителите на освежителни торти!
Потребни состојки:
310 г мелени бисквити
375 путер/маргарин
390 г шеќер во прав
1 чоколадо за готвење
250 г мелени ореви
1 шолја сок од портокал
500 мл млеко
2 пудинг од ванила
2 шлаг креми
ПОСТАПКА
Кора 1
Во голем сад изматете 310 г бисквити, 125 г растопен путер, 130 г шеќер во прав, 100 г растопено чоколадо и малку сок од портокал. Сето добро изматете и оставете во фрижидер.
Кора 2
Потоа во друг сад изматете 250 г ореви, 125 г растопен путер, 130 шеќер во прав и остатокот од сокот од портокал. И оваа смеса ставете ја во фрижидер да се стегне.
Кора 3
Во половина литар млеко сварете 2 пудинзи со 4 лажици шеќер.
Изладете ја смесата и додадете пенесто изматен 125 г путер и 130 г шеќер во прав.
На тепсија ставете ја првата кора, врз неа втората и на крај третата. Одозгора измачкајте со изматениот шлаг крем, наросете крупни парчиња орев или декорирајте по желба.