Ова е рецептот на баба ми која имаше проблем со зглобовите и повремено го правеше кога “ја вртеа” (така велеше таа, а тоа значеше дека ја болат) за да и се смири болката. Рецептот е навистина едноставен, но многу ефикасен.

Решив да го споделам со вас, ако некому му затреба.

Ако ве мачат болки во зглобовите, имате чувство на “тежина” во нозете, имате болен жуљ на зглобот на палецот поради што тој ви се искривил, стари повреди и слично – оваа мешавина може подобро да ги замени скапите гелови и креми.

Потребни состојки:

300 мл алкохол (или ракија комова)
100 мл повидон јод
10 таблети аналгин (аспирин или андол) (300 мг)

Постапка:

Алкохолот измешајте го со јодот и додадете ги издробените таблети аналгин.

Протресете го шишето или теглата, па оставете на темно место да отстои 21 ден.

После овој период може да се користи.

Употреба: Може да се мачкаат болните места или да се ставаат облоги. Не се пие!

Овој лек помага за лекување на артритис, остеоартритис, болки во грбот и сè што е поврзано со зглобовите, коските и мускулите.