Кога ви се јаде нешто вкусно, топло и заситно, а немате многу време за комплицирани јадења, секојпат сетете се на овој рецепт, особено ако дома имате „стар“ леб. Вака баба ми често ни правеше за појадок или вечера. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки: 8-10 парчиња сечен леб, 2 јајца, 150 г кисела павлака, 100 г млад кајмак, 100 г кравјо сирење или кашкавал, по желба сусам, оригано

Постапка:

Стариот леб исечете го на парчиња.

Јајцата, павлаката и кајмакот изматете ги, па во смесата натопете го лебот.

Сирењето изрендајте го и наросете го врз лепчињата, а исто така и сусамот, ориганото..

Печете во плех обложен со хартија во загреана рерна на 220-250 околу 10-тина минути. Еве уште неколку идеи:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 парчиња вчерашен леб, 3 јајца, 100 мл млеко, 300 г сечкана шунка, 200 г рендан кашкавал, по желба кечап и сол по потреба

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: еден леб исечен на тенки парчиња, 100 г путер, омекнат на собна температура, 3 главици лук, 2 лажици маслиново масло, 2 лажици сечкан лист од магдонос, 200 г рендан кашкавал (а уште повкусна варијанта е со пармезан), прстофат сол

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 парчиња леб, 100 мл млеко, 1 лажица масло, 6 лажици кечап (по една лажица од парче леб), 100 г кашкавал, 100 г шунка, чајна колбасица, печурки и малку оригано. Секако, состојките можете да ги зголемувате или намалувате по желба или да додавате нешто и по ваша желба.

Постапката прочитајте ја ОВДЕ.