Баба ми отсекогаш била вита и слаба, а нејзината добра и „фит“ фигура пред сѐ се должеше на генетиката. Но, таа често ми велеше: „Колку и да имам наследено, јас цел живот се хранам здраво и добро го чувам телото.“ Уште кога бевме мали со брат ми нѐ учеше колку е важно да водиме грижа во младоста, за во староста да бидеме здрави.
Баба ми никогаш не држеше диети, ниту имаше строг режим на исхрана. Храната која ја јадеше се базираше на овошје и зеленчук, но јадеше и сѐ останато, практично речено, се хранеше разновидно и избалансирано. Кога сакаше да намали по некој килограм, тоа ѝ одеше релативно брзо, бидејќи метаболизмот брзо ѝ ги согоруваше мастите.
Следните два рецепти беа нејзините омилени јадења, кои се многу здрави и полни со витамини. Со нив се слабее за 7 дена. Во секој случај, за да не го јадете истото секојдневно, заменувајте ги намирниците со некои други зеленчуци по ваш вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 компир, 1 морков, 1 главица кромид, половина млада зелка, 30 мл вода, 2 јајца, сол, 2 лажици брашно. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 морков, 1 компир, 1 бел кромид, 2 јајца, сол, 2 лажици брашно, маслиново масло.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Компирот измијте го добро, исушете го и излупете го. Исечкајте го на тенки ленти, како за помфрит. Тргнете го настрана малку да се процеди, а во меѓувреме излупете го морковот и исечкајте го на тенки ленти, со големина како компирите. Кромидот се сече на ситно, како и зелката – на тенки ленти.
Во едно тавче загрејте малку маслиново масло и ставете го кромидот да се пропржи. Кога ќе почне да омекнува и да ја испушта својата прекрасна арома, додајте го морковот. Пржете под капак на средна температура приближно 8 минути, со повремено мешање.
По изминатото време, тргнете го пропржениот зеленчук настрана, па пропржете го кромидот на истиот начин (8 минути). Додајте го компирот во пропржениот кромид и морков, па во истото тавче пропржете ја ситно сечканата зелка со 30 мл вода. Пропржете додека водата да испари, па соединете ги сите зеленчуци во подлабок сад.
Во зеленчуците додајте 2 јајца, па убаво измешајте и додајте 2 лажици брашно и посолете по вкус. Соединете. По желба може да ставите и други зачини. На нелепливо тавче загрејте малку масло, па излејте ја целата смеса како да пржите палачинка. Пржете на среден оган, по 5 минути од секоја страна, под капак.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Морковот излупете го, па изрендајте го на тенко и долго. Компирот исечкајте го многу тенко или изрендајте го како морковот. Кромидот исечкајте го на ситно. Соединете сѐ во подлабок сад (без претходно пропржување), па излејте со смесата од 2 јајца, сол и 2 лажици брашно. Соединете еднолично.
Вака подготвената смеса поделете ја на 3 помали палачинки кои треба да ги пржите во загреано тавче со малку масло. Солените палачинки се пржат по 3-4 минути од страна, додека да фатат коричка. Деталите од целата постапка за двата рецепти погледнете ги ОВДЕ.