Баба ми беше жена која живееше многу скромно. Не беше скржава, напротив на сите им помагаше кога ќе им затребаше помош, но едноставно не сакаше да се експонира премногу. Знаеше често да нè учи за вредноста на нештата, па така од нејзиниот тефтер добив најразлични рецепти за колачи.




Се прават многу едноставно, од неколку состојки, а толку се вкусни, меки и сочни… Немам зборови со кои можам да го доловам нивниот вкус, едноставно мора да ги пробате. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл масло, 150 мл врела вода, 1 кесичка прашок за печиво, 500 г брашно. ЗА ВАЛКАЊЕ: 200 г шеќер во прав, 1 кесичка ванилин шеќер.




ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Измешајте ги водата и маслото, истурете го прашокот за печиво и промешајте, па постепено додавајте го брашното, мешајќи прво со лажица, а потоа со рака.




Тестото поделете го на 3-4 топчиња (јас го поделив на 2 делови и добив 16 поголеми кифлички, но малите на баба се послатки) и потоа со рака формирајте сплескан круг на набрашнета даска и потоа развлечете со оклагија.




На секој дел ставете по малку мармалад (јас ставив од дуња) и ролатите кои ќе ги наредите ставете ги на плех со хартија за печење и веднаш печете додека да поруменат.




Ако добиете листови тесто, само притиснете ги со прстот, кифличките се „росни“ кога се печат, но шеќерот убаво ги покрива. Се валкаат врели кифлички во шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.




Кифличките се посни, содржат масло, но може да ги правите за секој повод како слави, родендени и други прослави. Мене ми се многу лесни за подготовка и обично ги правам во текот на целата година. / Coolinarka.com