Овие палачинки веднаш ќе ве освојат со вкусот. за да ги приготвите ви се потребни банани, јајца, квасец и малку брашно, а јас ги премачкав со фил една преку друга и добив многу вкусн и впечатлив десерт како торта. Сите го погалија и изгледот и вкусот! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 3 бананаи, 2 јајца, 3 супени лажици шеќер (или по вкус), 1 прстофат сол, 200 мл млеко, 1 супена лажица сув квасец, 200 мл топла вода, 260 г брашно. ЗА ФИЛ: 500 г крем сирење, 200 г путер, 380 г кондензирано млеко, бобинки за декорација
ПОСТАПКА: Испасирајте ги бананите со виљушка или рачен блендер, да добиете мазно пире. Додајте две јајца, шеќер и прстофат сол, млако млеко и сув квасец. Добро изматете додека да се изедначат сите состојки.
Додајте ја топлата вода, промешајте, па започнете постепено да го додавате брашното. матете рачно со маталка или со миксер, како ви е полесно. Треба да добиете мазна смеса без грутчиња.
Покријте ја со стреч-проѕирна фолија и оставете ја половина час на топло место за да се активира квасецот и да ферментира. По изминатото време тестото треба да е нараснато и да го има зголемено волуменот.
Промешајте го малку со кутлачата и можете да започнете со печењето на палачинките. Во тенок слој премачкајте ја тавата во која ќе ги пржите палачинките и ставете да се загрева на умерена температура.
Печете ги вообичаено, како и другите малачинки: сипете со кутлача во загреаната тава, разлејте го тестото преку цела површина и печете неколку минутки додека да зарумени. потоа внимателно превртете ја и допечете уште кратко време.
Печените палачинки редете ги една врз друга. Можете веднаш да ги послужите какви што се, наросени со малку шеќер во прав, јаворов сируп, мед и ореви, крем, џем или нешто по ваш вкус. Можете да ги филувате и со фил (сите наведени состојки соединете ги со миксер) како што е прикажано во видеото ОВДЕ.