АНТИБИОТСКА САЛАТА ЗА ЗИМА: никогаш не е доцна да си ја направите, ја јадеме и така или како прилог. Рецепт од каналот Направи Сама-Идеја за Креативци. Многу вкусна салата која е преполна со витамини, а се прави од само 3 состојки.
Јас правам по 2 тегли и веднаш штом ги изедеме подготвувам нова тура. Не сум љубител на голема зимница, туку секогаш повкусно ми излегува кога ќе направам во помала количина, а потоа си доправам колку што знам дека ќе се јаде.
Оваа салата може да се јаде и така како главно јадење, но е одличен прилог за посните трпези, како додаток со риба, сендвичи… А подготовката не одзема многу време туку само сечкате, складирате, преливате и готово е.
Потребни состојки: 250 г лук, 2 поголеми моркови, 1 китка магдонос. И уште ќе ви биде потребно: 1 лажица сол во секоја тегла, 4-5 лажици ал-кохолен оцет 9% и вода.
Постапка: Лукот исчистете го од лушпите и одвојте ги чешнињата едни од други. Ставете ги во подлабок сад и прелијте ги со вода. Вака оставете да отстојат половина час додека да го измиете магдоносот и морковот и ги исечкате.
Морковот може да го изрендате или да го исечете на коцки или кругови. Сеедно, како вам ви одговара и ви е повкусно за јадење. Исто така и магдоносот се сечка на ситно. По изминатото време и лукот исечкајте ги на половина.
Земете 2 стерилизирани тегли (наведената количина на состојки е за 2 тегли) и започнете да ги редите со моркови, лук и магдонос. Нема некој посебен редослед туку додавате како што вие сакате.
Во секоја тегла додавате по 1 лажичка сол и по 4-5 лажици јаболков оцет. Потоа преливате со вода до врвот, со чиста вода, претходно отстојана на собна температура. Може да додадете и неколку зрна црн пипер.
Добро ги затворате теглите со соодветниот капак и ги ставате во тенџере со поставена памучна крпа. Доливате со вода негде до половина и вклучете ја ринглата за водата да зоврие.
Кога водата ќе почне да струи тогаш намалете ја температурата на ринглата и оставете да се готви уште 20-тина минути. Потоа оставете теглите целосно да се изладат на суво и ладно место, па може да почнете да ги користите.
По отворање на теглата се чува во фрижидер. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.