Домашно лекување
Афта (Apthous Stomatitis) е медицински термин за вообичаените ранички кои се појавуваат во устата. Тие можат да бидат многу болни и да предизвикаат проблеми при јадење и голтање.
Овие ранички се јавуваат како последица на инфекција која мора да се третира уште во раните фази за да не дојде до нејзино ширење.
Постојат некои природни третмани кои можете да ги применувате дома и со тоа да ја намалите болката и симптимите. По правило, афтите заздравуваат за 7-10 дена.
хидриран калиумов-алуминиум сулфат (калиум стипса)
Овој кристал може да се најде во аптеките во прашкаста форма. Стипсата се меша со вода за да се добие густа паста. Се остава на раничката да делува околу 15 минути, а потоа се плакне со вода. Се нанесува на секои три часа за да се спречи растењето и ширењето на афтата.
Сода бикарбона
Сода бикарбоната се меша со малку вода за да се направи густа паста и се нанесува на раничката да делува околу 20 минути, а потоа се плакне со вода. Овој третман се прави пред јадење за да се олеснат болките кои храната би ги предизвикала во допир со афтата. Две лажички помешјте во една чаша вода и со неа исплакнете ја устата по јадењето. На овој начин ќе ја заштитите устата од ширење на бактерии и дополнително ќе обезбедите хигиена на забите.
Ним (Azadirachta indica)
Овој индиски јоргован се користи како третман за неколку проблеми вклучувајќи ги инфекциите во усната шуплина. Со чајот сварен од листовите на оваа билка (со врела вода да стои 30 минути), треба да се плакне устата пред и после јадење. Ако може да се најдат свежи листови, иако имаат малку горчлив вкус, најдобро е да се џвакаат за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Босилек
Спречувањето на инфекцијата во уста може да се постигне со џвакање на листови од босилек, или пак да се плакне устата со чај од босилек.
Кромид
Сокот од кромид кој можете да го добиете при негово мелење или рендање, со чист прст или памук натопен во сокот, ја мачкате раничката повеќе пати во денот. Кромидот има антивоспалителни својства.
Сода за пиење
Бикарбонатот кој е присутен во овој пијалок ги убива микроорганизмите, па затоа се користи против инфекции во устата. Неколку пати во денот плакнете ја устата со сода.
Кесички чај
За смирување на болката користете смрзнати употребени кесички од чај, кои содржат танини.
Хидроген пероксид
Оваа хемикалија има избелувачки својства, но разредена во вода се користи и против инфекции. Најдобро е да користите 3% хидроген за третирање на раничката.
Сок од слива
Активните состојки што ги содржи сливата се покажаа како успешни во лекувањето на инфекции во устата. Користете само свежо исцеден сок од домашни сливи.