Болката во зглобовите е многу непријатно и незгодно чувство, бидејќи ги спречува секојдневните активности и го намалува квалитетот на живеење.
Постојат лекови кои 100% ја олеснуваат болката, но тоа е привремено маскирање на болката, но не и решавање на проблемот.
Можеби консумирате разни хемикалии во надеж дека ќе ви помогнат, но постојат некои природни препарати со кои ќе се препородите.
1.РУЗМАРИН
Тоа е една лековита и ароматична билка која се користи во медитеранските јадења, давајќи прекрасен вкус, но исто така, се користи за правење на некои домашни, лековити препарати.
Билката содржи урсолична киселина, која се бори со бактериите – предизвикувачи на инфекции и воспаленија во ‘рскавицата во зглобовите на рацете и колената.
Потребни состојки:
2 чаши вода,
200 г рузмарин.
Постапка:
Направете чај или инфузија: ставете ја водата да зоврие, додадете свеж рузмарин, оставете го поклопено да отстои 20 минути, па кога ќе излади – процедете. Пијте ваков чај двапати дневно.
2.Коњско опавче
Можете да го наберете покрај вода, или да го купите од Билна аптека. Тоа е една многу важна и лековита билка која влегува во состав на речиси сите лековити билни мешавини.
Коњското опавче покрај тоа што содржи витамини и минерали, може да послужи и како одличен лек за воспаленија. Можете да направете слична инфузија како претходната со рузмарин. Употреба: двапати дневно.
3.Куркума
Куркумата е познат зачин кој освен што се користи за приготвување на јадења, голема е неговата важност и во приготвувањето на природните лекови. Куркумата има големи антивоспалителни својства, содржи антиоксиданси и ги лекува инфекциите во организмот.
Пригответе го следниот напиток. Потребни состојки:
3 чаши вода (750 мл)
1 лажица куркума во прав (20 г)
3 лажици мед (60 г)
Во топла вода измешајте ги состојките и оставете да отстои 10 минути. Напитокот пијте го повеќе пати на ден за намалување на отоци и болки во зглобовите.
4.Ѓумбир
Ова растение е одличен антиинфламаторен лек.
Потребни состојки:
2 лажици мед
200 г рендан корен од ѓумбир
2 чаши вода
Се приготвува како чај, да отстои 20 минути, па се додава мед. Се пие двапати дневно.
5.Ленено семе
Содржи омега 3 масни киселини со што ја зголемува отпорноста на организмот и неговата одбрана од воспаленија.
Потребно е да консумирате по 2 лажици ленено семе (40 г) секојдневно. Можете да го додавате во салати или да го консумирате сомелено со топла вода или кефир.