Потребни состојки:
1-2 кг млад компир
сол, црн пипер, вегета, малку масло
2 лажици путер/ маргарин
Сусам по желба
малку сув магдонос (може и без него)
Постапка:
Компирот сварете го заедно со лушпата (внимавајте да не се превари).
Тргнете од оган, исцедете и додадете ладна вода за побрзо да излади.
Излупете го компирот и ставете го во огноотпорен сад во кој сте ставиле масло и путер.
Додадете зачини и сусам.
Промешајте добро и печете на 250 степени додека компирот да добие убава боја.
На крај доколку сакате, одозгора наросете со сув магдонос.
coolinarka.com