Нашата храна е нашето гориво. Сè што ќе внесеме преку исхрана поминува низ дигестивниот тракт, се преработува, вари и разложува до помали состојки кои организмот лесно може да ги искористи. Оние состојки од храната што „не му се корисни“ на организмот, продолжуваат да се движат кон дебелото црево и на крај се исфрлаат во вид на екскремент.
Дебелото црево прави движења (перисталтика) со кои се овозможува ова исфрлање на отпадоците. Меѓутоа, доколку од некои причини овие движења се отсутни, а најчесто поради исхрана сиромашна со растителни влакна и течности, доаѓа до таложење на тие остатоци во наборите од цревото, познати како „камења“.
Кога во цревото ќе се насобере преголема количина на вакви отпадоци, доаѓа до еден вид на автотру-ење на организмот, бидејќи ток-сините се враќаат назад во кр-вотокот, па целиот организам стра-да. Првите знаци се појавуваат на кожата, се јавуваат акни и дамки, главоболките и уморот зачестуваат, а постепено започнуваат да се развиваат и болести.
Лекарите се согласни дека без здрави црева нема ниту добро здравје, па затоа многу е важно одвреме-навреме да се направи комплетен де-токс. За тоа најдобро се покажал еднодневниот пост на вода или пак тридневен пост на овошје и овошни сокови.
Постојат различни рецепти за де-токс и чистење на цревата, а овојпат ќе ви го претставиме еден од најчесто користените, а тоа е де-токсот со еден напиток кој се приготвува од две состојки. Станува збор за млечниот пробиотичен напиток – кефир и псевдожитарицата – хељда.
Овој напиток најдобро е да се конcyмира како појадок а де се приготвува одвечер. Сомелете една лажица хељда и прелијте ја со чаша кефир. Доколку купувате готово хељдино брашно, не пропуштајте да го проверите датумот на производство, а истото чувајте го на темно место заштитено од оксидација.
Добро промешајте ја смесата од хељдино брашно и кефир (вид јогурт добиен од кефирни „габички“). Поклопете и оставете да преноќи во фрижидер. за тоа време хељдата добро ќе се хидрира и ќе омекне.
Наутро, половина час пред да ја изедете мешавината, извадете ја од фрижидер за да се стопли на собна температура и уште еднаш промешајте. Се зема на празен стомак, секое утро во текот на две седмици (14 дена). По желба, во мешавината може да додавате и чија семе или семки по ваш вкус и некое овошје.
Како делува овој напиток на организмот? Хељдата има исклучително лековити својства: го зајакнува организмот, ги peгенерира кр-вните садови, го отстранува заморот, ја зголемува циркулацијата во рацете и нозете и го поттикнува излачуваењето урина. Содржи влакна кои делуваат како ме-тла за дигестивниот тракт.
Од друга страна, кефирот изобилува со одлични пробиотици кои им помагаат на цревата во нивно подобро функционирање, ја обновуваат слузокожата и помагаат во развој на добрите бактерии. Исто така, кефирот го подобрува варењето и го забрзува метаболизмот.