„Првото нешто кое треба да гхо направиме веднаш после будењето е да испиеме 200 мл млака вода или природна лимонада (природно цеден сок кој не содржи многу шеќер). Најдобро е прво да се испие вода за да се „исплакне“ дигестивниот систем, на ист начин како што наутро го миеме лицето.
Течноста се внесува за да се зголеми циркулаторниот волумен, а со тоа да се подобри циркулацијата во срцето и мозокот, а со тоа автоматски и дотокот на хранливите материи и глукозата ќе биде многу подобар“, објасни гастроентерологот проф.д-р Воислав Перишиќ.
Меѓу другото, тој напоменува дека најдобро би било денот да се започне со ниско минерална вода (филтрирана) со доста магнезиум, кој како минерал во значителна мера ја подобрува микроциркулацијата и ги опушта спазмите во крвните садови.
СОК ОД ПОРТОКАЛ НАУТРО – ДА ИЛИ НЕ?
Честа навика на многумина е наутро да испијат чаша сок од портокал, бидејќи не само што дава брз напчив на глукоза во крвта и дополнителна енергија, туку е вкусен и освежителен, па делува пријатно после будењето.
Меѓутоа, овој сок како што објаснуваат експертите, предизвикува брз скок на инсулинот во крвта, што не е добро на долгоречен план, па затоа, најдобро би било сокот да не е бистар односно процеден, туку да ја содржи и пулпата на овошјето, односно растителните влакна кои ќе го забават тој пораст на шеќер во крвта.
Уште подобро решение е да се изеде целиот портокал, но доколку преферирате сок, тогаш во блендерот ставете го целиот плод и сомелете го без процедување. На овој начин содржи целулоза и спречува опситпација.
ШТО СЕ СЛУЧУВА АКО НАУТРО НЕ ГИ ИСПРАЗНИМЕ ЦРЕВАТА?
„Ако не ги испразниме наутро цревата, тогаш во текот на целиот ден ќе постои кортикална активност за сузбивање на празнењето на цревата што е перманентна иритација на нашето тело и тоа во текот на целиот ден“, додаде лекарот и објасни дека на тој начин организмот останува без енергија.
КАФЕ НАУТРО ИЛИ НЕ?
Колку кафе треба да испиеме е крајно индивидуално, но никако не треба да се преминува количината од три шолји дневно. Професорот Воислав Перишиќ објасни дека кофеинот е главниот антиоксидант во кафето.
Во телото внесуваме многу хем.соединенија наречени ксенобиотици, а за да ги исфрлиме тие мора да бидат обработени во нашиот најголем филтерски чистач, а тоа е црниот дроб. Доколку не внесуваме антиоксиданти, може да дојде до перманентно „бомбардирање“ на генетскиот материјал и директен пат кон „злокобните“ болести, тврди докторот. Повеќе ОВДЕ.