Најголемата предност на домашните лекови е тоа што несамо што пружаат голем број на лековити својства, туку и го одржуваат општото здравје. Од овие состојки за лекување на различни болести, научниците и докторите и натаму се збунети со феноменалните резултати.
Циметот и медот се позната комбинација во кинеската медицина и потекнува од многубројни древни медицински текстови. И двете состојки имаат својства кои се одлични за вашето здравје.
Есенцијалните масла кои се добиваат од циметот и ензимите од медот имаат антимикробни својства кои ја помагаат дигестијата и лекуваат различни болести.
Комбинацијата од мед и цимет може да спречи срцеви заболувања. Најдобриот начин да ја искористите оваа комбинација е да направите паста од неа. Можете да ја консумирате така, еднаш или двапати дневно или како вкусен појадок кога ќе мачкате лепче.
Дали знаевте дека една лажичка мед и ¼ лажичка цимет е најдобрата мешавина со која се победува настинката за еден-два дена? Консумирајте двапати дневно во период од 3 дена, па ќе ги добиете најдобрите резултати.
Комбинацијата од цимет и мед е одлична против настинки и кашлица, па дури и за затнат нос. За да направите ефикасна смеса, потребно е да направите мешавина од 1 лажиа мед и ¼ лажица цимет и ќе забележите високо ниво на антибактериски својства и моќни антиоксиданти кои можат да ја излекуваат инфекцијата.
Поради своите имуномодулаторни својства, медот е одличен за лекување на било какви рани. Консумирајте ја смесата 3 дена, па ќе забележите здравствено подобрување, особено во зимскиот период.
Референците на лековитите својства потекнуваат од древните сумерски текстови 2000 години п.н.е. кои се залагаат за користење на мед и цимет во медицински цели и во вид на лековита маст. Аристотел, кој живеел во текот на 384 година п.н.е., напишал дека медот е мевлем за уморни очи и рани.
Медицинските својства на циметот се подеднакво силни како и кај медот. Циметот е често користен во древен Египет а докторите од средновековна Европа го користеле исто така, за кашлица, суво грло и артритис. Овој домашен лек од цимет и мед бил користен за лекување на болки во стомакот, холестерол, грип, вишок килограми и акни. Медицинските својства на циметот се подеднакво силни исто како кај медот.
РЕЦЕПТ
За да ја направите лековитата мешавина, сварете го медот во еден сад, но не на премногу висока температура, туку на многу тивко за да не ги изгуби лековитите својства.
Додадете го циметот за да добие на густина. Циметот додавајте го постепено со постојано мешање, па кога ќе згусне во вид на паста значи е доволно. (Имајте во предвид дека ќе излади медот малку ќе згусне).
Потоа оставете да излади и складирајте во тегла. Консумирајте кога е потребно, по една лажица после оброк или појадок.
Ако имате проблем со висок холестерол, измешајте 2 лажици мед и 3 лажици цимет во прав во половина литар вода за чај, па ќе ви се намали холстеролот во крвта за 10% во рок од 2 часа.