Штитната жлезда со облик на пеперутка која е сместена во предниот дел од вратот, може да има драматично влијание врз бројни телесни функции. Ако сте жена над 35 години, треба особено ова да го земете во предвид, бидејќи според проценките, веќе на 35+ ризикот за пореметување на функцијата се зголемува за 30%.

Жлездата е сместена под гркланот и произведува хормони кои меѓу другото ја контролираат телесната температура, метаболизмот и работата на срцето. Состојбата може да се влоши доколку штитната жлезда фунционира недоволно или премногу. Што може да влијае врз лошата работа на оваа жлезда?

Како причинители може да се набраојат: генетика, автоимун на-пад, бременост, стрес, недостаток на хранливи материи, токсини во животната околина и опкружувањето, но експертите сè уште не се целосно сигурни околу дефинитивните виновници за оваа состојба.

ОБРАТЕТЕ ВНИМАНИЕ НА СЛЕДНИТЕ ЗНАЦИ:

I Се чувствувате исцрпено

Оваа состојба може да е поврзана со најразлични причини, но постои и голема можност да биде причинета од премалку тироидни хормони, што укажува на хипотироида. Доколку сте уморни веднаш штом се разбудите, може да биде показател дека нешто не е во ред.

II Се чувствувате мрзоволно

Чувството на тага и мрзоволност може да биде поврзано со симптоми на хипотиреоза, бидејќи во голема мера влијае врз нивото на серотонинот во мозокот (хормон на среќата).

III Нервозни сте и нестрпливи

Потешкотиите со “чудното чувство” може да биде поврзано со хипертиреоза, кога жлездата произведува премногу хормони.

IV Апетитот и вкусот на храната се промениле

Зголемениот апетит може да биде знак за хипертиреоза, бидејќи постојано се чувствувате гладни. Успорената тироида, од друга страна, може да си поигра со вкусовите и мирисите на храната.

V Збунети сте, заборавни и конфузни

Тоа може да биде причинето од ненаспаност или стареење, но когнитивните функции може да бидат на у-дар доколку не функционира добро штитната жлезда.

VI Срцето ви отчукува пребрзо или пресилно

Може да имате чувство како срцето да ви прескокнува или чука пребрзо и пресилно. Тоа го чувствувате во градите, грлото или вратот. Ова може да биде знак за хипертиреоза.

VII Сува кожа

Се јавува при хипотиреоза: промена во изгледот и текстурата на кожата како и лупење. Ова се појавува поради успорениот метаболизам.

VIII Работата на цревата е непредвидлива

Луѓето со хипотиреоза се жалат на констипација, а кога премногу работи тогаш се јавува дијареа.

IX Пореметен менструален циклус

Долготраење на менструалниот циклус со силни болки и кратко растојание помеѓу два циклуси може да биде знак за хипотиреоза. Кај хипертиреоза е обратно.

X Болни екстремитети или мускули

Ако имате ненадејни болки во рацете, нозете, стапалата или дланките проследени со трнење или вкочанетост, би можело да биде знак на хипотиреоза. Прениското ниво на хормоните со текот на времето може да ги оштети нервите.

XI Висок кр вен притисок (хипо и хипер)

Според некои проценки, лицата со хипотиреоза имаат два до трипати поголем ризик да имаат висок кр-вен притисок. Една теорија е дека ниското ниво на хормони ја успоруваат работата на срцето, што пак влијае врз пумпањето и флексибилноста на кр-вните садови. И двете состојби предизвикуваат висок кр-вен притисок.

XII Пореметена регулација на телесната температура

Чувството на студ е поврзано со хипотиреоза. Успорување на системот предизвикан од успорена работа на штитната жлезда, значи дека клетките потрошиле помалку енергија. Помалку енергија значи помалку топлина.

Од друга страна, претераната активност на тироидата ги тера клетките да произведуваат енергија во петта брзина. Затоа на лицата со хипертиреоза понекогаш им е жешко и претерано се потат.

XIII Засипнатост и чудно чувство во вратот

Промена во гласот или чувство на кнедла во грлото се поврзани со пореметување на штитната жлезда. Добро погледнете го вратот за да видите дали има знаци на оток во пределот на жлездата.

Со помош на огледало, набљудувајте се додека голтате вода. Гледајте дали постои било какви испапчувања или израстоци во областа на тироидата, која се наоѓа под гркланот. Ако забележите нешто сомнително, обратете се на лекар.

XIV Пореметено спиење

Ако постојано сте поспани, може да станува збор за хипотиреоза. Мрзливата тироида ги успорува телесните функции. Ако не можете да спиете, би можело да биде хипертиреоза. Претераната работа на штитната жлезда предизвикува тегоби и го забрзува пулсот, па поради тоа тешко заспивате.

XV Косата е тенка и опаѓа

Сува, кршлива коса која пука или опаѓа може да биде знак за хипотиреоза. Состојбата со премалку хормони го спречува растот на влакната и фоликулите ги става во мирување. Тоа може да предизвика губиток на влакната по цело тело. Преактивна штитна жлезда исто така лошо влијае врз влакнатоста, но само на косата.

XVI Не можете да забремените

Ако подолг период без успех се обидувате да добиете дете, претерано или премалку активна штитна жлезда би можела да биде одлучувачки фактор. И двете состојби влијаат врз овулацијата, со што се нарушува плодноста.

XVII Висок холестерол

Доколку високото ниво на холестерол кое не реагирало на промени во исхраната, вежбањето или лековите, може да биде поврзано со хипотиреоза. Зголемените вредности на лошиот холестерол може да бидат предизвикани од мрзливата тироида и тоа е состојба која загрижува. Нелекуваната хипотиреоза може да доведе до срцеви проблеми, вклучително проширено срце и срцев у-дар.

Доколку имате проблем со штитната жлезда и се дебелеете – овие природни методи можат да ви помогнат. Природните методи можат да бидат корисни како дополнение на конвенционалните лекарства при заболувањата на штитната жлезда.

Покрај препорачаните лекови од страна на вашиот лекар, можете да испробате и некои од природните лекови кои исто така можат да бидат корисни. Билките кои најчесто се препорачуваат да се јадат се: маточина и вербена.

Иако можеби ви звучи чудно, сепак овие две билки помагаат и при хипертиреоза, состојба која се карактеризира со преголемо ниво на тиреоидни хормони, затоа што имаат способност да го регулираат нивото на овие хормони, без разлика дали е прениско или превисоко. Еве неколку природни методи за лекување на хипотиреодизмот:

ГОРЧИЦА (Gentiana officinalis)

Фармакологот д-р Даниел Мовреј вели дека горчицата содржи горчливи состојки за кои се знае дека ја нормализираат функцијата на штитната жлезда. Тој ја предлага оваа билка како главна состојка за неговата тиреоидна формула која се состои од следната мешавина: горчица, чили пиперка и ламинариа (Laminaria или Fucus vesiculosis).

ЛАМИНАРИА (Fucus vesiculosis)

Оваа алга е богата со јод, клучниот минерал кој организмот мора да го поседува за да може да произведе тиреоидни хормони. Урологот д-р Џејмс Балч и неговата жена Филис, сертифициран нутриционистички советник, ја препорачуваат морската ламинарија за лекување на хипотиреодизмот.

Вклучувањето на ламинаријата во секојдневната исхрана може да има голема корист зошто содржи бројни минерали како што се: јод, алгин, калиум, бром, манитол, зиаксантин, бета-каротин, испарливи масла и др. Исто така, ако не сте во можност да ја купите оваа алга, Келп алгата е исто така многу ефикасна.

ЦРН СИНАП, БЕЛ СИНАП И ДР.(Brassica nigra, Sinapis alba)

Покрај високата содржина на јод, тиреоидните хормони содржат и соединение – тирозин. Листовите на црниот синап е најдобар извор на тирозин за кој што е познато, со 1,9 % сува тежина. Еве во кои други билки се содржи тирозинот дадени според низа на опаѓање: рогач, никулци од грав, соја, овес, кикирики, спанаќ, поточарка, сусам, власец, семки од кајсија и зелка.

РОТКВИЦА (Raphanus sativus)

Ротквицата со години се користи во Русија за лекување на обете заболувања на штитната жлезда, тврди антропологот д-р Џон Хинерман. Руските истражувачи откриле дека соединението кое го содржи ротквицата, рафанин, ги одржува тиреоидните хормони во рамнотежа. Доволни количини од ова соединение во кр вта овозможува нормално лачење на хормоните од штитната жлезда.

КАНТАРИОН (Hypericum perforatum)

Исто како многубројните фармацевтски антидепресиви, така и оваа билка е инхибитор на моноаминската оксидаза (МАО). Депресијата е вообичаен симптом на хипотиреоидизмот, па може да помогне доколку лицето пати од депресија.

Луѓето кои редовно примаат МАО инхибитори или користат лековити билки кои што ги содржат, мораат да одбегнуваат одредени намирници: алкохол, димени производи, туршија, како и некои лекарства, вклучувајќи ги лековите за настинка и поленска грозница, амфетамини, наркотици, триптофан и тирозин.

Исто така, трудниците не смеат да користат кантарион, а сите би требало да го одбегнуваат доколку се изложуваат на сонце, зошто оваа билка може да влијае врз чувствителноста на кожата.

ОРЕВ (Juglans, различни видови)

Во турската народна медицина, оревите се користат како лек за различни тегоби со жлездите, вклучувајќи ги и проблемите со штитната жлезда. Во едно истражување, свежиот сок од зелените оревчиња, (20 минути готвени зелени оревчиња во вода, па прецедени), влијаел врз покачувањето на нивото на тироксин за најмалку од 30%.

Во Македонија постои народен лек кој се подготвува со зелени оревчиња. Покрај интезивниот ефект што го има зелената обвивка на оревот, исто така можете да го јадете и неговиот плод и да го користите оревовото ладно цедено масло.

ФИНСКИ МЕВЛЕМ

Овој едноставен но многу ефикасен лек за прочистување на штитната жлезда се користел во финските болници, за подобрување на состојбата на лицата заболени од хипотиреоза. Две супени лажици хељдино брашно одвечер да се прелијат со една чаша кефир и да се остави да преноќи. Наутро оваа мешавина треба да се изеде на гладно. Постапката да се повторува секој ден до подобрување на состојбата.